ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дискусија: Училиштето неподготвено да одговори на проблеми како што е менталното здравје на учениците

Вкупно 32,9 отсто од средношколците од Скопје биле пратени кај училишниот психолог поради недисциплинираност

December 20, 2019 10:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 32,9 отсто од средношколците од Скопје биле пратени кај училишниот психолог поради недисциплинираност, а 15 отсто поради голем број изостаноци. Ова го покажа истражувањето „Перцепции за менталното здравје помеѓу средношколците во Скопје“, што Здружението на граѓани „Младите можат“ го спроведе оваа пролет.

Како што соопшти Здружението на граѓани „Младите можат“, овие податоци беа инспирација за панел дискусијата „Ќе те пратам кај психологот! – Казна, закана или поддршка“ што се одржа синоќа во МладиХаб во Скопје.

– Целта на овој настан беше да се поттикне дискусија за улогата на училишните психолози во негувањето на менталното здравје кај учениците, да се презентираат наодите од истражувањето за перцепциите на средношколците поврзани со менталното здравје, како и резултатите од програмата за врсничка едукација за менталното здравје, се вели во соопштението.

Гордана Блажевска Спиридонова, психолог во СУГС Гимназија „Никола Карев“- Скопје во своето излагање посочила дека последните три години сѐ повеќе средношколци прашуваат и бараат помош, сакаат да се грижат за нивното ментално здравје.

– Уште сме на почеток на пронаоѓаме во темава, училиштето е неподготвено да одговори на проблеми неповрзани директно со образовниот систем, како што е менталното здравје и дијаметрално различната перцепција на децата, возрасните и установите во врска со психолозите, истакна Блажевска Спиридонова.

Од Здружението на граѓани „Младите можат“ информираат дека изработен е Прирачник за врсничка едукација за ментално здравје, кој е достапен во електронска форма, за сега само на македонски јазик. Може да се погледне на веб-страницата на Младите можат и е наменет само за млади кои поминале соодветна обука за врсничка едукација.

Истражувањето „Перцепции за менталното здравје помеѓу средношколците во Скопје“, како и програмата за врсничка едукација за ментално здравје се дел од едногодишниот проект „You(th) can do it better!“ кој „Младите можат“ го имплементира во 2019 г. со поддршка од најголемата германска младинска фондација „Schuler Helfen Leben“. Панел дискусија е завршен настан на проектот, но менталното здравје на младите останува во фокус во работата на „Младите можат“ и наредната година.

Next Post

Како „режимот“ криеше убиства? Осврт на случајот со Мартин Нешкоски

НАЈНОВО

Скриншот

Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

November 5, 2025

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk