ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Како „режимот“ криеше убиства? Осврт на случајот со Мартин Нешкоски

Убиството на Мартин Нешкоски се случи на прославата по парламентарните избори во 2011 година, кога победи ВМРО-ДПМНЕ, а институциите го криеја два дена.

December 20, 2019 10:50
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Младиот Мартин Нешкоски беше убиен во јуни 2011 на плоштадот „Македонија“, додека, тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја славеше изборната победа.


За убиството се дозна преку медиумите, од очевидци кои биле сведоци на настанот, a портпаролот на МВР Иво Котевски, дента по убиството, изјави дека нема никакви информации за настанот. Дури два дена подоцна, семејството на Мартин дозна дека нивниот син бил убиен.

По случајот со Нешкоски, почнаа масовни протести против полициската бруталност, а младите повикуваа на одговорност од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Од страна на официјалните претставници на МВР во почетокот овој случај беше прикриван од јавноста, но, благодарение на активностите на наменската заедница на Twitter се организираа мирни протести низ улиците на Скопје, официјалните лица на МВР беа приморани да ги откријат вистинските причини за овој настан.

Имаше и барања за оставка на најодговорните лица во структурата на МВР, почнувајќи од министерката Гордана Јанкуловска.

МВР реагираше до Facebook за отстранување на информациите и формираните групи во врска со овој настан и Facebook истите ги брише.

Подоцна МВР го менува својот став и вели дека „ќе бидат безмилосни кон сите кои му помогнале на службеникот да ја сокрие вистината“.

Според мајката на Нешкоски, момчето за време на прославата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се обидело да се качи на бината за да го прегрне премиерот, кога било спречено во тоа а подоцна претепано до смрт.

Директорот на Судска медицина Алексеј Дума обзнани дека „момчето починало поради крварење во мозокот, откако примил неколку удари во главата“, додека траеше обдукцијата на Нешкоски во понеделникот наутро, до 12.30 часот, таму беа и претставници на МВР иако неколку часа порано на прес-конференција портпаролот на МВР Иво Котевски изјавил дека „Таков настан воопшто не е пријавен во МВР и доколку имате било какви сознанија и информации ви стоиме на располагање за да го пријавите настанот.“

А бе, не е…види сеа, причината за убиството. Овој, преѓе шо ти кажав, дошол малиот у Дом на АРМ, сакал да влезе, овие го избуткале, пошто овој што е од Тигриве, од нивнава банда, бил таму. И после го видел уште еднаш на искачање, кога искачавме од АРМ и детево се сопнало и овој го скршил од мавање. Значи, нити бегал, нити не давал да му стават лисици“, можеше подоцна да се слушне гласот на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во снимките кои СДСМ ги објавуваше како „бомби“, затоа што беа нелегално прислушувани телефонски разговори, поради кои подоцна беше формирано и Специјално јавно обвинителство.

Таа додава дека им го расипал „апсењето на Љубе Бошкоски“, што се случи ден по изборите.
Тогашниот премиер Никола Груевски, по убиството на Нешкоски, изјави дека ниту ВМРО –ДПМНЕ ниту МВР ниту пак Владата се инволвирани во убиството.

– Прикривањето на вистината за убиството на Нешкоски доаѓа од структури во МВР и обезбедувањето на Никола Груевски – рече лидерот на СДСМ Зоран Заев, презентирајќи аудио разговори кои наводно се водат меѓу министерката Гордана Јанкулоска, портпаролот Иво Котевски, премиерот Никола Груевски, неговиот шеф на кабинет Мартин Протуѓер…

Матрицата на медиуми кон овој случај во почетокот се однесуваше крајно индифирентно. Откако веста најпрво ја објави агенцијата NetPress, a потоа и телевизијата А1, на денот на настанот ниту еден провладин медиум не известуваше за случајот, а сите коментари на нивните вебсајтови беа експресно бришани. Имаше обиди за оправдување на бруталноста со тоа што починатиот Нешкоски беше портретиран како хохштаплер, пијаница, крадец, провокатор.

За убиството, кое предизвика серија протести, а заврши со пресуда против Игор Спасов, припадник на специјалната единица „тигри“, според разговорите, не била запознаена министерката Гордана Јанкулоска, па откако таа дознава, се бараат начини како убиството да се презентира во јавноста како индивидуален чин на Спасов и да се намали штетата врз имиџот на владата.

Спасов, во 2019 година побегна од затворот Идризово, откако претходно неколкупати бил пуштан од затвор поради здравствени причини. Се претпоставува дека се наоѓа во Турција или во Холандија.

Б. Богдановска

Next Post

Новите адвокати во ТНТ добија дополнително време за увид во предметот

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk