ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Малку домаќинства поседуваат поштенско сандаче, доставата зависи од знаењето на поштарот

Само шест отсто од куќите во Прилеп имаат поштенски сандачиња....

December 20, 2019 16:08
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процентот на домаќинства со поштенско сандаче во државава е алармантна. Голем број сандачиња се уништени и нефункционални, а доставата зависи од личното знаење на пошторазнесувачите, рече директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамовска Ѓоревска на денешната промоција на кампањата  за подигнување на свеста кај граѓаните за користење поштенски сандачиња „Твојата пратка во безбедно сандаче“.

Анализите на Агенцијата за пошта и мерењата на Поштата на РСМ покажале дека во Прилеп има само шест проценти со сандачиња, во Дојран 6,85 проценти, во Маврово и Ростуше 1,01 процент, во Гостивар 23,69 проценти.

Како што најави Аврамовска Ѓоревска, АП ќе ги едуцира граѓаните за потребата од поседување поштенско сандаче и ќе укажува на производителите, увозниците и домашните фирми за стандардизирано производство.

Придобивките за корисниците, меѓу останатото, ќе биде и оптимална безбедност против вандализам и кражба на пратки со примена на стандарди за безбедност со што ќе се запази приватноста односно ќе се испочитува правото на приватност, наведе директорката на АП.

Поседувањето поштенско сандаче, дополни, значи и ќе значи дека се исполнети барањата за квалитет на давателот на универзалната услуга во сегментот достава. Ќе значи намалување на бројот на рекламации кај операторите и претставки кај АП кои се однесуваат на доставата, како и анализа на податоци за задоволството на корисници.

Обврската за поставување домашни поштенски сандачиња е дефинираната во член 55 од Законот за поштенски услуги.

Агенцијата за пошти ја спроведува кампањата во рамки на твининг проектот за јакнење на капацитетите, што го спроведува во соработка со Делегацијата на ЕУ, Министерството за јавни работи на Шпанија и Меѓународната Иберо-американска фондација за администрација и јавни политики.

Next Post

Агенција за пошти: Не треба да се менува датумот за либерализација на поштенскиот пазар

НАЈНОВО

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025
Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk