Во текот на вчерашниот ден на сервисната улица која ги поврзува улицата „1“ и автопатот „Пријателство“- клучка Илинден, патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(32) од село Илинден, скопско, удрило во метална ограда.
Во незгодата, сопатничката Т.Б.(43) од село Кадино, скопско, се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.
Од екипа од СВР Скопје бил извршен увид на местото на настанот.