Не стивнуваат реакциите по објавената снимка на директорката на гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, каде таа им се заканува на учениците со последици, ако тие излезат на протестот против загадувањето.
Марјан Забрчанец, Национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата на Република Северна Македонија и советникот на премиерот Заев, на својот Фејсбук профил излезе со став:
Имаме здраво општество. Општество на граѓани кои остро се противат на поединци кои имаат проблем со демократијата, како што е фамозната директорка која се заканувала со последици врз учениците.
Нема простор за закани, осуда за овој недемократски чин.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, по објавената снимка каде директорката Горица Илиовска на насобраните ученици во холот на гимназијата им се заканува со последици врз учениците, доколку тие излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување.
Видео: А1он
Ј. Ѓ.