Сообраќајот на патните правци Велес-Скопје и Струмица-Радовиш, кои претходно беа во прекин поради сообраќајна незгода, се нормализирани, информираат од АМСМ, пренесе МИА.
Сообраќајот на автопатот Велес – Скопје од штипската клучка до н.с. Отовица беше во прекин поради сообраќајна незгода и се пренасочуваше по стариот пат кај Велешко езеро до н.с. Отовица.
Поради случена сообраќајна незгода на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот се пренасочуваше по стариот пат во должина од 1 км односно од Сулдурци до Калуѓерица.