ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери: Техничката влада може да ја избереме и на 3 јануари

Ако оди се како што е договорено и се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април, Парламентот ќе се распушти на 12 февруари, а бидејќи се однапред ќе се знае и ќе биде договорено, како што вели во интервју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери, техничката Влада може да биде избрана истиот ден кога ќе биде констатирана и оставката на актуелниот премиер. Тоа, како што додава тој, би можело да биде и на 3 јануари 2020 година, а од 4 јануари новата преодна влада да започне да функционира

December 22, 2019 09:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Ако оди се како што е договорено и се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април, Парламентот ќе се распушти на 12 февруари, а бидејќи се однапред ќе се знае и ќе биде договорено, како што вели во интервју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери, техничката Влада може да биде избрана истиот ден кога ќе биде констатирана и оставката на актуелниот премиер. Тоа, како што додава тој, би можело да биде и на 3 јануари 2020 година, а од 4 јануари новата преодна влада да започне да функционира.

-Формално бидејќи тоа е работа која што е прифатена од сите, не е спорно тоа да се случи на самиот ден 3 јануари, за да може во текот на денот да се спроведуваат сите постапки во однос на седниците кои треба да се одржат тој ден затоа што процедурите соодветно предвидуваат оставка на премиерот, констатирање на оставката на премиерот, известување до претседателот дека Владата е во оставка, според законот за Влада треба да се определи нов мандатар, да добие мандат, па тој мандатар да даде предлог за министер за внатрешни работи и за труд и социјална политика, за тројцата заменици министри во МВР, во труд и во земјоделие, за да може да се свика седница за нивен избор и со тоа фактички до 24 часот на 3 јануари да се заокружи таа седница и од 4 јануари веќе да функционира техничка влада, посочува Џафери.

Џафери овој парламентарен мандат го оценува како можеби најтежок досега имајќи ги предвид тешките одлуки што требаше да се носат не само оваа година, туку од самиот негов избор наваму. Собранието, според него, работеше под специфични услови, почнувајќи од она што се случи во 2017 година.

-Генерално како мандат е еден од потешките, ако не и најтежок мандат во кој што се одвиваа многу работи којшто сигурно ќе остават историски белег во работата на Собранието. Доста тешки одлуки кои требаше да се реализираат и мислам дека со трпелива работа успеавме да ги надминеме, да ги слушаме сите разлики под однос на дебатата, дадовме соодветно време на сите кои што требаа да учествуваат во таа дебата, соодветно мислам дека се земаа предвид поголемиот дел од укажувањата и од спротивните ставови и со тоа фактички успеавме да го заокружиме носењето на битните одлуки и проекти кои беа пред нас, истакна претседателот на Собранието.

 

Next Post

Во Скопје традиционална трка на дедомразовци

НАЈНОВО

Под контрола пожарите кај Вардариште, Кожуф и во Јасен

September 3, 2025

Се вработуваат лични асистенти за ученици, плата 15.000 денари за 20 часа неделно

September 3, 2025
Припадници на армијата на Израел

Илјадници израелски резервисти се пријавуваат на должност пред офанзивата на Газа

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk