ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

September 2, 2025 09:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ветува „парк“ на локацијата Вардариште – најзагадената и технички најкомплицирана точка во главниот град. Со ова ветување Ѓорѓиевски само потврдува дека или свесно манипулира или воопшто не знае што зборува, што го прави целосно неспособен и некомпетентен за функцијата што ја бара од скопјани, изјави кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова.

„Во Вардариште има над 2 милиони кубни метри отпад, одлаган без никаква подлога. Тоа е локација со висок ризик по здравјето и животната средина“, вели Шукова.

„Само процесот на санација и деконтаминација на тоа земјиште би траел со години, пред воопшто да може да се зборува за било каква употреба, а најмалку за парк“, посочи Шукова.

Покрај еколошката загрозеност, постојат и правни и технички пречки за било каква интервенција на теренот.

„Во моментов тече арбитражна постапка во Париз поврзана со проектот ‘Скопски колектор’, кој поминува токму низ Вардариште. До завршување на таа постапка, ниту смее ниту може да се менува намената на тој простор“, предупреди Шукова.

„Уште во 2017 година, со поддршка од ЕУ, е изработена детална техничка документација со која јасно се предвидува: Вардариште треба да биде локација за современа претоварна станица за отпад. Тоа е единствениот стручен и легитимен план. И јас стојам зад тој план“, изјави Шукова.

Во моментов е во тек и јавна набавка за поддршка на целиот регионален систем за управување со отпад во Скопскиот регион. „Секој обид за политичка интервенција на Вардариште пред завршување на оваа постапка е опасен, штетен и спротивен на сите законски и еколошки норми“, додаде Шукова.

СДСМ остро реагира на ваквите лажни ветувања и го повикува Орце Ѓорѓиевски да престане со ширење неосновани фантазии и да одговори за четиригодишната неспособност на неговата партија додека беа на власт во Градот Скопје.

„Ѓорѓиевски не нуди решение. Тој нуди изборна измама. Вардариште, што ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска го оставија да гори и да труе, сега се користи за предизборен маркетинг. Но скопјани веќе еднаш беа излажани со 150 автобуси, мега паркови и слични бајки. Време е за сериозен, стручен и државнички пристап“, заклучи Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ.

 

Tags: ВардариштеОрце ЃорѓиевскиШукова
Next Post

Два активни пожара во земјава, 13 изгаснати за 24 часа

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk