Прес-конференција на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули
Макрадули истакна дека координираната инспекција драстично ги намалила примерите на илегални палења.
– Во Скопје има повеќе зеленило, ослободени се дрва, поставени се зелени бариери меѓу пешаците и велоспиедистите и возилата. Има нови паркови и зелени кровови. Во 36 општини, во 108 јавни објекти има фотоволтаични системи. Македонија е шампион во реформи во енергетска политика. Го намаливме ДДВ за парно греење, ја одржавме цената на струјата и таа е достапен извор за греење. Комплементарен придонес се и мерките во планот за чист воздух – прв стратешки документ донесен од Владата, која директно се справува со изворите на загадување со сопствени буџетски средства, нагласи Макрадули.