Тргнати сликите на Никола Груевски од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, открива Утрински брифинг во разговор со Христијан Мицкоски кој самиот се пофали и изнуди честитка за двегодишнината од неговото назначување за претседател на партијата.
Водителот Сашо Орданоски се обиде во разговорот да извлече информација дали симнувањето на сликите на Груевски од ѕидовите во седиштето на партијата е чекор кон „дисконтинуитет“ во следењето на политиките на Груевски. Мицкоски невешто го избегна одговорот и инсистираше на честитки за неговото двегодишно претседателствување.
Тој ги потврди своите позиции против Охридскиот и Преспанскиот договор, како и договорот за пријателство со Бугарија. На пораката од водителот Чомовски во која ѝ посакува успешни реформи на партијата, Мицкоски го изнесе тврдењето дека партијата е реформирана, обединета и победничка.
Џ. Д.