ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓорчев ја затвори расправата за зголемување на пензиите со изговор дека нема кворум

Шахпаска вели дека Ѓорчев манипулира - ВМРО-ДПМНЕ беа на меѓусебна координација во истата сала каде што требаше да се одржи продолжението на Комисијата

December 23, 2019 13:06
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Комисијата за труд и социјална политика Влатко Ѓорчев и пратениците на СДСМ денеска меѓусебно се обвинуваа за не одржувањето комисиската седница, на која треба да бидат изгласани законските измени со кои ќе се овозможи 320.000 пензионери да земат зголемување од 700 денари.

Ѓорчев денеска на прес-конференција изјави дека пратениците на СДСМ, со исклучок на една пратеничка, не дошле на седница на Комисијата на која на дневен ред се измените на Законот за пензиско осигурување и дека немало кворум за тие да бидат изгласани и пензионерите да можат да добијат зголемување од 700 денари. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, обвини дека и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска не дошла на Комисија, како и дека не доаѓа воопшто на нивните седници.

– Имаме кочење на зголемувањето на пензиите за пензионерите. Денеска ова утро видовме како Мила Царовска, пратениците на СДСМ и СДСМ како партија го блокираат зголемувањето на пензиите за пензионерите, рече Ѓорчев, кој обвини за немање кворум и дека СДСМ сами го блокираат зголемувањето на пензиите со доставени 200 закони во овие две недели.

Сепак, Ѓорчев истакна дека е подготвен во секое време да побара од пратениците на СДСМ да дојдат на Комисија и да се донесе законот.

Ваква подготвеност искажа и пратеничката Јагода Шахпаска од СДСМ, која рече дека го барале и ќе го побараат пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ за седницата да се одржи и да се овозможи 320.000 пензионери наредната година да земат зголемување на пензиите.

Сепак Шахпаска, претходно, исто така на прес-конференција, го обвини Ѓорчев за самоволие и лицемерен однос и дека се служи со манипулации и измами, само за да не се одржи седница на Комисијата за Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој се предвидува покачување на пензиите за 700 денари.

 

– Иако седницата на Комисијата ја закажа утринава во 10 часот и шест минути, за денеска во 10:30 часот, членовите на Комисијата од пратеничката група на СДСМ и коалицијата точно навреме беа во Собранието и чекаа да бидат повикани на седница. Ѓорчев и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во тоа време беа на меѓусебна координација во истата сала каде што требаше да се одржи продолжението на Комисијата. Ни беше кажано дека во моментот кога ќе заврши  нивната координацијата, ќе започне седницата и за тоа ќе не информираат, поради што ние заминавме на јавна расправа за Законот за младински политики, објасни Шахпаска.

Пратеничката на СДСМ обвини дека Ѓорчев ја отворил и ја затворил седницата со изговор дека нема кворум. Таа го повика пратеникот да не ја опструира работата на Комисијата, а координаторот на ВМРО-ДПМНЕ да се огради од неговото, како што рече, „незрелото и недемократско однесување“ и да се изгласа покачување на пензиите за 320.000 пензионери во државата.

Next Post

Битола: Волонтери изградија живеалишта за бездомните и напуштени животни

НАЈНОВО

Скриншот

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

November 4, 2025

Фон дер Лајен: ЕК е попосветена од кога било да го претвори проширувањето на ЕУ во реалност

November 4, 2025
Фото: МИА

Гаши: Предлог – буџетот за 2026 година на пленарна седница на 9 декември

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk