Големо невреме ја погоди Црна Гора. Најпогодени се Котор и Тиват, а во тие градови улиците биле поплавени и затворени за сообраќај.
Поради излевање на реките голем дел од сообраќајот бил во прекин.
Со часови, голем дел од општините на северот од Црна Гора биле и без струја.
Сепак, како што се наведува нема голема материјална штета а екипи на терен работат на отстранување на дефектите.
https://www.facebook.com/bokanews/videos/508743799730301/
Силниот ветер пак, кој од вчера дува во поголемиот дел на Хрватска, особено во Далмација, со себе донесе и поројни дождови.
Еден од најпогодените градови е Задар, каде силниот ветер корнел дрвја и покриви.
https://www.facebook.com/zdnews/videos/588618408580499/