ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Изборните кампањи ќе ги решат изборите

Тоа е цената што СДСМ ја плаќа заради огромната агенда за општествени, системски реформи што ја наследи како неопходност за реновирање на трошната куќа од вештачки мермер, од владеењето на Груевски. „Форензиката“ за работата на власта во обновата на таа барака е добро позната, местимично успесите се завидни, а местимично неуспесите се скандалозни. Во политиката, нема успех што не може да биде засенет од добар скандал.

December 24, 2019 07:40
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

ВМРО-ДПМНЕ влегува во полна внатрепартиска кондиција за претстојните избори. Партијата веќе редовно информира дека е реформирана и обединета, последниот чекор во промените се тргањето на сликите со Груевски од ѕидовите на „Белата палата“. За врвните функционери на опозицијата, таа тема е – затворена. Груевски не постои, а „груевизмот“ и така е измислица на непријателите на партијата – и точка! Нема што повеќе да се додаде.

Ги фаќа блага нервоза ако се обидете да ѕирнете зад ова реформско „Потемкиново село“. Секој кој се сомнева во тоа, е платеник на власта и некој кој сака да се занимава со минатото, а не со иднината.

Од таа „стартна позиција“, единствените теми за кои сака да дискутира „реформираната“ опозиција се неуспесите на власта во нивното две и пол годишно владеење. Додуша, малку се нервираат и на две други важни теми…

Првата е тоа што, и покрај вложениот напор, не можат да ги избегнат прашањата за надворешната политика на земјата. Но, за тоа се измисли мики-маус формула: ако победат на изборите со две третини освоени гласови, сè ќе променат! Таа извесна небулоза се повторува како расипана грамофонска плоча. Успехот на власта во надворешната политика го квалификуваат како апсолвирана „реалност“. Впрочем, НАТО и ЕУ се веќе „одработени“, кому му е гајле за тоа на избори!

Останува и проблемот на односот кон Албанците – втората „реалност“. За тоа се предлага старата македонска националистичка стратегија: ако победат на изборите, кој и да е албанскиот партнер за следната коалициска влада, ќе си „легне на брашното“ на уживањето од заедничкото владеење со ВМРО-ДПМНЕ. Веќе пробано, работи.

Иако „шуплива“ на важни теми, ова е, сепак, добра, обединувачка формула за консолидирање на опозициското гласачко тело, предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ има посериозен проблем: на власт се 2-3 години, но недоволно внатрешно партиски консолидирани, и со разнишана поддршка во пошироката јавност. А таа, некогаш еуфорична, „шарена“ јавност, денеска е цинична и разочарана, па иако се издава за демократска, бара ефикасност, наместо процедури. Нема лутење: бидејќи пресно „реформираната“ ВМРО-ДПМНЕ ја малтретираше со години, јавноста очекуваше брза, видлива правда, а не бескрајни демократски изговори. Голем дел од таа јавност успехот на власта во надворешната политика го квалификува како апсолвирана „реалност“. Парадоксално, се согласуваат со опозицијата дека НАТО и ЕУ се веќе „одработени“, кому му е гајле за тоа на избори!

Тоа е цената што СДСМ ја плаќа заради огромната агенда за општествени, системски реформи што ја наследи како неопходност за реновирање на трошната куќа од вештачки мермер, од владеењето на Груевски. „Форензиката“ за работата на власта во обновата на таа барака е добро позната, местимично успесите се завидни, а местимично неуспесите се скандалозни. Во политиката, нема успех што не може да биде засенет од добар скандал.

Во ваква ситуација, кога се чини дека рејтинзите на сите актери во надоаѓачката изборна трка се, помалку или повеќе, пата-пата – со половина од гласачите кои сè уште не знаат што точно ќе прават – изборните кампањи можат да го решат победникот во трката кај сите спротивставени страни. Ќе победат оние кои изборот ќе го сведат на црно и бело, без многу нијанси во средината. Ќе решава впечатокот, а не фактите. Ќе решаваат емотивните наративи, а не рационалните. Повеќе ќе решава „пакувањето“, а помалку „содржината“…

Конечно, ќе биде поважно кого ќе нема, од оние кои ќе ги има на изборните кандидатски листи. По тоа, всушност, ќе се мери која партија, каква иднина ни предлага. Е, тука ве чекаме!

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Во моментов не гледам причина, зошто би организирал уште една лидерска средба со Филипче

July 17, 2025

Судењето против Раде Трајковски – Штекли одложено поради здравствени причини

July 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на НАСА

НАСА одлучи да не го објавува последниот извештај за климатски промени – немале законска обврска за тоа

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk