ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Како не ви е срам, како не ви е жал

најмногу од сѐ ми ѕвони гласот на пратеничката од СДСМ Маринела Тушева, која бремена и со камерата од својот мобилен го овековекува злосторот на поданиците на ВМРО-ДПМНЕ, кон демократијата, со зборовите: Како не ви е срам, како не ви е жал?! Во позадина се слуша пратеничката од ДОМ Лилјана Поповска, која (као загрижена за неа) и вели на Маринела: „Немој Маринела, немој да снимаш...“ Тоа лицемерие никогаш нема да ѝ го заборавам. „Имате ли вие мајки, имате ли вие ќерки?!“, викаше Маринела на ѕверовите од обезбедувањето, дури овие буквално ја влечкаат по подот пратеничката Радмила Шекеринска, која тогаш беше со повредена нога и во гипс

December 24, 2019 17:39
in ESPRESSO, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Црниот понеделник тој 24 декември 2012 година.

Ми се мотаат сите црнила на злоупотребената демократија. Ми се прикажуваат како сега сите слики од Собраниската сала каде ги влечат и исфрлаат пратениците од тогашната опозиција. Ги гледам пред мене ходниците во Собранието и од Собраниската галерија и сцените како насилно ги бркаат навинарите, како го тегнат тогашниот претседател на ЗНМ Насер Селмани и го отстрануваат од галеријата. Колку подло и смислено го режирале тоа – прво ги отстрануваат новинарите за да не сведочи јавноста, за потоа да удрат на пратениците.

Се сеќавам на призорот од пред Парламентот, и како уште да ја слушам таа борбена готовност на механизираните полициско-партиски инструирани сили спремна да се пресмета со опозициските симпатизери кои се беа насобрале во значителен број. Никогаш нема да ги заборавам ни координациите што од Собраниската сала преку мобилен ги испраќаше, тогаш а и сега пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и тогашните министри за финансии Ставрески и за внатрешни работи Јанкуловска.

Но, најмногу од сѐ ми ѕвони гласот на пратеничката од СДСМ Маринела Тушева, која бремена и со камерата од својот мобилен го овековекува злосторот на поданиците на ВМРО-ДПМНЕ, кон демократијата, со зборовите:

Како не ви е срам, како не ви е жал?!

Во позадина се слуша пратеничката од ДОМ Лилјана Поповска, која (као загрижена за неа) и вели на Маринела: „Немој Маринела, немој да снимаш…“ Тоа лицемерие никогаш нема да ѝ го заборавам.

„Имате ли вие мајки, имате ли вие ќерки?!“, викаше Маринела на ѕверовите од обезбедувањето, дури овие буквално ја влечкаат по подот пратеничката Радмила Шекеринска, која тогаш беше со повредена нога и во гипс.

пратеникот Игор Ивановски ја држи во раце повредената Шекеринска. фото: НоваТВ

Се сеќавате ли другари на овие мигови? Знаете ли дека пратениците и новинарите беа исфрлани и малтретирани само зашто си ја работеа својата работа – едните даваа отпор за да не се донесе Буџет за 2013 година, а другите известуваа од Собраниската седница.

Да, тоа беше оној буџет од кој потоа се одвоија тешки милиони евра за проектот „Скопје 2014“. Да, тоа е оној проект што го осакати градското јадро, што ги испосече сите здрави дрвја во централното градско подрачје, што ги хендикепира сите токови на воздух, што законски испокраде над 700 милиони евра наши пари и ги зароби во фасади, споменици и стиропор. Тој буџет тогаш го штитеа и за таков буџет крв пролеаа вмровците од ДПМНЕ.

Ете до каде се спремни тие да одат кога се работи за слепа послушност и вазално подаништво кон партијата, својот лидер и неговите сулуди идеи и остварување на неговите психо-манијачки желби и фрустрации. Тоа се овие, кои сега се обидуваат да ни продадат приказна дека не се тоа истите грујови поданици, иако повеќето како тогаш така и сега се сè уште во врвот на партијата.

Сетете се на овие слики. Сетете се на ова во оние моменти кога незадоволни од некое навистина глупаво решение, не постапување, сомнителен ДУП, или погрешна кадровска одлука на сегашнава власт, лагодно и резигнирано ќе искоментирате: – „Сите се исти“.

Погледнете го видеото ако сте заборавиле:

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Трамп се пресметува со новинските агенции – го отстранува Волстрит Џурнал од „групата за новинари“ за патувањето во Шкотска поради извештајот за Епштајн

July 22, 2025

Јаневска: Повторно е вратен предметот Историја што претходната влада го укина

July 22, 2025

Што ја попречува европската интеграција на Србија – политичката криза или владата?

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk