ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

На кое дереџе е новинарството во Македонија

Во коментарот на страната МакСтар каде е поставено видеото, се наведува дека ова е гаф на новинарот. Не другари, ова не е гаф, ова е во најмала рака логичка немоќ и инелектуална инфериорност да се перцепира еден толку едноставен факт, како што е вкупната должина на патишта на територијата на една држава. Му честитам на воздржаноста на вицепремиерот, кој сепак собра сили и му одговори на поставеното прашање

December 24, 2019 13:03
in ESPRESSO, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Не навлегувајќи во суштината, овде и сега, само кратко ќе се навратам на последниот егзамплер што неодамна се случи во прес-центарот на Владата.

Новинарот од порталот Инфомакс, со сета сериозност поставува прашање до вицепремиерот Кочо Анѓушев и премиерот Зоран Заев.

Слушнете го, погледнете го ве молам прашањето на новинарот од Инфомакс што е присутен во прес-центарот на Владата и кој добил можност да поставува прашање на вицепремиер и премиер:

Директорот на Државни патишта се пофали дека има реновирано 730 километри патишта во Македонија. Во Македонија има вкупна должина на патишта 230 или 240 километри.

Kај ги најдовте тие 738 километри патишта?

Во коментарот на страната МакСтар каде е поставено видеото, се наведува дека ова е гаф на новинарот. Не другари, ова не е гаф, ова е во најмала рака логичка немоќ и инелектуална инфериорност да се перцiпира еден толку едноставен факт, како што е вкупната должина на патишта на територијата на една држава. Му честитам на воздржаноста на вицепремиерот, кој сепак собра сили и му одговори на поставеното прашање.

Инаку, да се потсетиме, станува збор за истиот новинар од Инфомакс кој пред некое време беше ревносно и на протести организирани во негова „чест“ бранет од негови колеги новинари. Исто така со официјални соопштенија и реакции во негова одбрана се јавија и новинарските здруженија меѓу кои за жал и ЗНМ. Тоа е оној новинар со кога на тие протест се испотепа да се слика и еден „истакнат новинарски бард“, кој во последно време, ако не и отсекогаш, го има загубено компасот.

Претседателот на ДИК вели дека медиумите во Македонија, за покривање на претстојните избори, од буџетот на државата добиле 3.7 милиони евра, од кои околу 1 милион евра добиле интернет порталите. Замислете Инфомакс и слични портали со слично профилирани уредници да се едни од тие што добиле буџетски пари?

На кого сè му е дозволено да присуствува на прес-конференции во Влада, или во која и да е сериозна институција, ама баш сериозно си го поставувам ова прашање?

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп „изненаден“ од нападите на Израел во Газа и Сирија, расте скептицизмот кон Нетанјаху во Белата куќа

July 22, 2025

Славески: Девизните резерви се во сигурни раце, изнесуваат 4,6 – 4,7 милијарди евра што е сосема комотна позиција за земјата

July 22, 2025
Генерирано со ВИ

Техеран: Над 1.000 загинати во Иран за време на 12-дневната војна со Израел

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk