ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Обвинителството бара раздвојување на постапката против Тони Трајковски во случајот „ТНТ“

Адвокатот Мерџан Даути, побара постапката да не продолжува со денешниот состав.

December 24, 2019 11:22
in ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судијата Огнен Ставрев даде пауза од 15 минути на судењето во случајот „ТНТ” за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски, со цел Судот да одлучи по барањето на Обвинителството за раздвојување на постапката, откако на денешното рочиште не се појави еден од обвинетите Тони Трајковски.

Ставрев, на почетокот рече дека денеска во 9 часот, пред почеток на денешното рочиште добил известување дека обвинетиот Тони Трајковски е хоспитализиран на Клиника за неврохирургија, за што до Судот ќе биде доставена и дополнителна документација.

Бранителот на Трајковски, адвокат Јовица Страшевски рече дека состојбата на неговиот клиент е многу лоша и дека тој е неконтактибилен и повраќа.

Адвокатот Мерџан Даути, побара постапката да не продолжува со денешниот состав.

– На Лилјана Ивановска Кочоска и престанува функцијата судија поротник. Би сакал да не се продолжува со овој состав, бидејќи ќе се направи суштествено прекршување на постапката, изјави Даути.

За судија поротник Марија Кондовска, исто така, посочи адвокатот Датути дека има доставено поднесок, за тоа што навршува 60 години и и престанува функцијата по сила на закон.

Обвинителот Бурим Рустеми рече дека функцијата судија поротник не престанува автоматски и оти смета дека може да се продолжи по барање.

– Во однос на новонастанатата ситуација сметам дека се исполнети услови за раздвојување на постапката за обвинетите Тони Трајковски и членовите на комисијата, со кои заедно ги сториле прекршувањата. Апсурдно би било да не се раздвои постапката и да се врати на почеток, кога истата се наоѓа во сосема крајна фаза и обвинетиот Миле Јанакиевски веќе има дадено исказ пред Судот, рече Рустеми.

Адвокатот Дончо Наков бараше објаснување од сите судии зошто одеднаш оваа постапка се става во десетта брзина.

– Имам поднесок и барам да се каже зошто се одложени сите други судења и одеднаш само едно судење е битно, рече Наков.

Тој, исто така, реагираше дека не бил присутен само на едно рочиште за ова судење и бил казнет, додека судењето во две години било десет пати одложено поради Обвинителството или Судот и никој за тоа не е казнет.

Адвокатот Еленко Миланов рече дека оваа постапка не може да продолжи поради истек на мандат на судија поротник Лилјана Ивановска Кочоска .

– Мандатот за кој сте избрани е четири години. Вашиот мандат за жал истече на 24 декември 2019 година. Доколку се впушти во одлучување со тоа се изложува на опасност и нејзина е одлуката дали ќе одлучува и по истекот на мандатот, изјави Миланов.

Сметам дека раздвојувањето со правната формулација што ја имате во моментот не може да ја направите за мојот клиент Миле Јанакиески.

– Не може да има пресуда за поттикнување или помагање на дело без пресуда за сторителот, изјави Миланов.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk