Тони Трајковски обвинет во случајот „ТНТ“ кој завчера од двајца насилници бил претепан, денеска исто како и вчера не дојде на судското рочиште за предметот, пренесе Слободен печат.
Јовица Страшовски пред судот изјави дека неговиот клиент Тони Трајковски е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија.
– Мојот клиент вчера после 22 часот бил примен на клиниката. Тони тешко збори, дезоориентиран е и повраќа – рече адвокатот на Трајковски.
Во „ТНТ“, првообвинет е Никола Груевски, кој наредил да му биде уништен со експлозив објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, затоа што во 2011 година ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Во овој предмет обвинети се и Миле Јанакиески како координатор на целата акција на незаконското уривање, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, Елизабета Најдовска и други обвинети од општина Гази Баба.