Во гостувањето на „Утрински брифинг“, на Слободен печат, претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села рече дека ДУИ само декларативно изјавува да се обединиме, инаку работи 24/7 за ние да бидеме поделени во албанскиот блок.
На прашањето за евентуална послеизборна коалиција со партиите од македонскиот блок, Села вели дека ќе соработува со онаа политичка партија која ќе ја прифати програмата и политичката платформа на Алијансата на албанците. Се додека не се промени овој монизам во власта на присуство на ДУИ, како претставник од албанскиот блок, нема да имаме позитивни промени во државата, потенцира Села.
Не верувам дека ќе има промена во судството, кога е тука ДУИ и нејзиното политичко влијание кон судиите, вели Села и додава дека битката со криминалот треба да се води преку чистка во правосудството.
Претседателот на Алијансата на албанците, вели дека треба да иамаме помирување, но и дека мора да имаме конкретни пресуди и одговорност за тие што ја злоупотребиле власта – за полицајците, за командирите и за наредбодавачите.
Тој на крај истакна дека е заинтересиран да има предизборна коалиција со Алтернатива и Движењето Беса.
Ј. Ѓорѓиоски