Во Бања Лука беше продолжена бурна седница на Народното собрание на Република Српска за Програмата на реформите на Босна и Херцеговина која вчера беше предадена во седиштето на НАТО во Брисел.
По повеќечасовна кавга меѓу претставниците на опозицијата и позицијата зад говорницата застана министерот за внатрешни работи Драган Лукаќ.
Во своето обраќање му се закануваше на пратеникот на ПДП, Драшко Станивуковиќ дека повеќе не смее да носи знаме од НАТО во собраниските простории.
„Инаку ќе завршиш како што завршија знамињата пред малку“, вели Лукаќ алудирајќи на фактот дека знамињата на НАТО еден час пред неговиот говор беа скинати пред говорницата.
Потоа застапникот Станивуковиќ го праша министерот на кој начин тој ќе заврши и се упати кон говорницата. Кога му пријде, Лукаќ прво во лице му фрли неколку хартии, а потоа му удри и шлаканица.