Информирав преку медиумите, сега oдново го информирав и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски дека не сум заинтересирана за претстојните избори да бидам кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеничката Даниела Рангелова на денешната дебата во емисијата Топ тема ан Телма.
Таа изјави дека не ги поддржува политиките на нејзината партија и нема да биде дел од листите за предвремените парламентарни избори напролет.
„Не сум заинтересирана да бидам кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, треба да се даде шанса на нови луѓе кои ги поддржуваат политиките на актуелното раководство. Не е чесно да не се поддржуваат политиките на партијата, а да барате да бидете на листи. Ќе продолжам да се занимавам со политика, но во идниот временски период ќе бидам малку понастрана“, изјави Рангелова.
И. Т. З.
фото: Б. Јордановска