ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вкупно 16.100 земјоделци добиле поврат на персонален данок на доход

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека досега е реализиран поврат на персонален данок на доход за 16.100 земјоделци во вкупен износ од 76,745,269 денари за приходи остварени од продажба на сопствени земјоделски производи во текот на 2018 година

December 25, 2019 15:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека досега е реализиран поврат на персонален данок на доход за 16.100 земјоделци во вкупен износ од 76,745,269 денари за приходи остварени од продажба на сопствени земјоделски производи во текот на 2018 година, пренесе МИА.

-Воедно информираме дека исплатата е реализирана кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки. Земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на персонален данок од доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус рок во најблиските подрачни единици на Управата за јавни приходи, наведува УЈП.

Со измените во Законот за персонален данок на доход, право на поврат на персонален данок на доход остваруваат земјоделците на кои земјоделството им е основна дејност, оние кои немаат остварено приходи по друг основ, односно кои оствариле приходи единствено од продажба на земјоделски производи до еден милион денари, кои не се ДДВ обврзници, не се во работен однос и не остваруваат приходи од закуп или од игри на среќа.

Според првичните податоци од евиденциите на УЈП и Министерството за земјоделство, правото на поврат на персонален данок од доход го остваруваат околу 17.000 земјоделци. На почетокот на 2018 година, Владата го измени Законот за персонален данок на доход, со што се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од претходните 300.000 денари на 1.000.000 денари. Дополнително, со законските измени значително се поедноставија даночните постапки за земјоделците, како поднесување на барања за регистрација и плаќање административни такси.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Царовска: Не запираме додека не ги вклучиме сите деца во предучилишно образование

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп му се закани на Бостон: Ќе го повикам Инфантино од ФИФА да не се одржува СП 2026 во тој град

October 15, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Преку 9 милиони евра подршка од Владата за Гостивар за реконструкција и изградба за улици

October 15, 2025

Руте: Поддршката за Украина е притисок врз Путин и зајакнување на нашата безбедност

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk