ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

October 14, 2025 12:10
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Азир Алиу денеска во врска со тоа дали се планира воведување токсиколошки тестови за здравствените работници изјави дека имаат 12 работни групи, кои работат на менување или синхронизација на тие закони, со цел да нема колизија меѓу нив.

-Една од можностите што ќе ја разгледаме е дали во некои од законите може да биде и тој член, додаде Алиу, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали е планирано воведување такви тестови по снимката која се појави на социјалните медиуми со сега поранешниот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски.

Алиу за време на посетата на комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во врска со тоа дали се планирани санкции истакна дека за тоа се задолжени правниците, кои работат на законите, додавајќи дека во такви случаи има индикатори, од кои доколку се отстапува треба да се предвидат санкции.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој исто така беше на настанот, истакна дека Владата итно реагирала по објавената снимка на социјалните мрежи со поранешниот директот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски, нагласувајќи дека тој како лекар има импозантна биографија, но тоа што го сторил во момент на слабост, најверојатно ќе го следи во текот на целиот негов живот.

-Тоа што се случи се случи и тука не треба сите да се враќаме назад. Инаку кога ќе ја гледате биографијата на професорот, мој колега ќе дојдете до заклучок дека станува збор за импозантна биографија, која многу ретко ја има, генерално гледам на Балканот. Тоа што поранешниот директор имал моменти на слабост претпоставувам тоа ќе го следи во текот на неговиот живот и тоа е негова приватна работа јас тука немам што да кажам. Ние како Влада тоа што требаше да го направиме го направивме и реагиравме веднаш откако оној нелегален матријал се појави на социјалните медиуми, додаде Мицкоски.

По објавувањето на снимката со Кузмановски, во домашна атмосфера, каде меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијација за кокаин и разговара со друго лице, Министерството за здравство соопшти дека го разрешува од директорската позиција на Клиниката за неврологија. Д-р Јован Божиновски е именуван за нов в. д. директор на Клиниката за неврологија.

Tags: Алиу
Next Post

Обвинителство поведе постапка против 19-годишник за серија кражби

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk