ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Процесот на лустрацијата не беше правичен, мора да стане ништовен

Нема ништо поважно од враќањето на правдата кај некој што бил обесправен, а секој што нанел штета во минатото на државата и сакал тоа да се утврди преку лустрацијата секогаш постојат процеси кои државата може да ги утврди и да ги отвори како процеси за утврди таков вид одговорност, рече денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни

December 25, 2019 13:07
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нема ништо поважно од враќањето на правдата кај некој што бил обесправен, а секој што нанел штета во минатото на државата и сакал тоа да се утврди преку лустрацијата секогаш постојат процеси кои државата може да ги утврди и да ги отвори како процеси за утврди таков вид одговорност, рече денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни, пренесе МИА.

Премиерот изрази очекување  до 12 февруари, кога е планирано распуштањето на Парламентот да се донесе и овој закон.

Иницијативата од Владата да се донесе едно вакво решение, како што кажа Заев, е заради тоа што сите во јавноста може да се согласат дека Законот за лустрација не е правичен, односно процесот на лустрацијата не беше правичен.

-Кога еден процес целосно и недвосмислено е потврдено дека бил политизиран и бил носен со намера на политиката кој да биде лустриран, а кој не, тогаш имате најмала обврска тоа да го поништите. Секојпат општеството може да отвори какви сака процеси, но државата кога ќе нанесе штета врз еден поединец во општеството должна е да плати штета доколку правосудните инстанци го одлучат тоа, рече Заев.

Тој изрази верба дека Парламентот ќе го прифати и изгласа поништувањето на Законот за лустрација и оти и опозицијата ќе го гласа, во спротивно, како што додаде, ќе биде на страната на тоа што се случувало во делот на неправдата преку лустрацијата на граѓаните.

-Верувам дека ќе има најмалку мнозинство во Парламентот за да може да се донесе поништувањето на лустрацијата, а секој ќе има право на барање на надомест на штета, рече Заев.

Одговарајќи на прашање премиерот појасни дека ако законот се поништи тогаш може одреден лустриран  граѓанин да утврди барање – судска постапка на пример пред Скопје 2 Скопје ако е од Скопје или Струмичкиот суд ако е од Струмица или пред Битолскиот суд ако е од Битола… за надомест на штета, по што судот утврдува дали била навистина направена штета во колкав обем и кој е должен да ја надомести.

-Во многу случаи кога некој нанесува штета дури и поединецот што управува со институцијата е должен да ја врати таа штета на државата.  Системот е добро поставен, Парламентот е тој кој на крајот ја носи одлуката, а Владата како извршна власт донесе одлука по дебата од 2,5 години со институциите најмалку тоа што можеше да направи е да пушти Предлог законско решение за поништување на лустрацијата, истакна Заев.

Владата на вчерашната седница го усвои предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни. Станува збор за Предлог – закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.

Со овој закон, како што се наведува во соопштението, се исправа една долгогодишна неправда направена кон лицата кои беа жртви на постапките пред Комисијата за верификација на факти и други надлежни органи, за кои јавноста беше запознаена и преку случаите на нарачаните лустрации, споменувани во објавените телефонски разговори.

По сила на овој закон во целост стануваат ништовни сите правни акти, дејствија и мерки донесени односно преземени од Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи.

Оштетените лица од донесени акти и одлуки на Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи или нивните наследници доколку тие се починати имаат право на надомест на штета со поднесување на тужба пред надлежен суд против Република Северна Македонија, согласно одредбите од Законот за облигационите односи, во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон, стои во соопштението.

Next Post

Лустраторите да си ја платат лустрацијата!

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk