ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Лустраторите да си ја платат лустрацијата!

Предлог законот има сериозен фелер: зошто оштетените, како што се предвидува, да можат да ја тужат државата за надомест за претрпена штета? Па, нека си ја платат таа штета од свој џеб членовите на некогашната Комисија за лустрација кои гласале за тие одлуки!

December 25, 2019 13:07
in ФРОНТ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Би требало негде, по некои регистри и папки, уште да го чувам официјалниот ферман од МВР од пред десетина години, потпишан од Доста Димовска, дека за мене не постои соработничко досие (така ли се викаше, да го… шпиун, по старо) во тајните служби на некогашната социјалистичка тајна полиција. Има убав, голем печат до потписот на тогашната министерка на Внатрешни.

Памтите, тоа беше дел од програмата за прогон на неистомисленици со власта на Груевски, преточена во тогашниот Закон за лустрација – ги тераа и новинарите да вадат такви мизерни потврди, за да можат, дваесет години по падот на комунизмот, да се бават со својата професија. На оној несреќник од Томе Аџиев, кога го реизбраа на функцијата за главен лустратор во 2014 г., мандатот ќе требаше да му приврши оваа, 2019 година. Откако по притисок на ЕУ му го укинаа Законот во 2015, сега треба да е негде по Битола, ако не се лажам, веројатно денес и тој е „реформиран вмровец“ од најновово ВМРО-ДПМНЕ, белки седи на местата резервирани за третиот ешалон на партијата по партиските собири и можеби се надева на победа на изборите следната година, за пак да може да се зафати со дискредитирање и на куцо и на сакато што не ќе им биде по идеолошкиот ќеф на партиските шефови.

А, што убаво соработувавме со тогашната, социјалистичка УДБА! На крајот од осумдесеттите, кога се боревме за победа на демократскиот плуралистички, наспроти комунистичкиот еднопартиски систем, со покојниот Никола Младенов и другите колеги во „Млад борец“ бевме постојана мета на „опсервација“ на тајната полиција. За да не ни додеваат со прислушни уреди и физички следења, на некои високи функционери од тогашната државна безбедност им предложивме едноставен модел за соработка: еднаш-двапати во месецот да се видиме со надлежните агенти во некоја скопска кафеана, тие да нè прашаат што сакаат, а ние ќе им „признаеме“ сè што знаеме, што се сведуваше на прераскажување на веќе објавените текстови во „Млад борец“. Но, за таквата наша доушничка активност имаше еден пресуден услов – тие да го платат кафеанскиот цех!

У-хааааа, каква „соработка“ спроведовме во неколку повеќечасовни прилики! Беа тоа двајца пристојни, постари од нас тајни агенти (едниот, памтам, имаше маркантни црни мустаќи!), додека и самите не сфатија дека целиот натпревар да се налеваат со нас им е тотално безбедносно фијаско и алкохолно залуден потфат, а им ја оптоваруваше спец-касата со значајни средства… Ние бевме млади, будали (рушевме режим, ало!) и со пробушено дно.

Денеска, после третата чашка, спремен сум да потпишам какво сакате доушничко признание, само да одам дома да дремнам!

На ова се потсетувам ден по одлуката на сегашната Влада да произведе Предлог закон со кој ќе се прогласат за ништовни сите правни акти произведени од злогласната Комисија за лустрација на Томе Аџиев. Како, на пример, оние што произлегоа од прислушуваните барања на „реформираниот“ Антонио Милошоски за лустрација на луѓе што му пречеле во партиските и бизнис зафати во неговото Кичево.

Има разлика. Па нека е и малку задоцнета.

Само, и овој Предлог закон има сериозен фелер: зошто оштетените, како што се предвидува, да можат да ја тужат државата за надомест за претрпена штета? Па, нека си ја платат таа штета од свој џеб членовите на некогашната Комисија за лустрација кои гласале за тие одлуки!

Ене им ја Будимпешта, нека побараат финансиска помош, бидејќи не е фер денеска од наши пари да се плаќа и пропагандата на паднатата власт за да се врати на власт, и надоместоците за штетите што таа ги има нанесено.

Вака, тие „реформирани“, поединци лустрирани, а многумина банкротирани… Не е фер.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Спасовски: Обвинителството да го утврди пропустот за бегството на Груевски и да покрене постапка

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk