Со одлука на Владата, утре ќе почне постапката за трансфер на средствата кон општините, по што ќе биде отворена можноста за поднесување апликации за добивање инвертер клима уреди за домаќинствата во вредност до 1.000 евра. Со оваа мерка, ќе се исфрлат од употреба шпоретите на дрва и фосилни горива, како една од мерките за борба против аерозагадувањето.
Со оваа субвенција предвидено е се опфатат 10.000 домаќинства од Скопје, Тетово, Битола и Кичево, а предност ќе имаат семејствата со ниски приходи.
А. З.