Станува очигледно дека граѓаните имаат сѐ повисока политичка култура. Граѓаните добро гледаат кој е кочничарот на процесите во земјата, што се гледа и од последните анкети за рејтингот на политичарите. Заев со најголема доверба меѓу граѓаните.
Дури 60% од граѓаните не сакаат ВМРО да се врати на власт. СДСМ и премиерот Зоран Заев се најпопуларни меѓу граѓаните покажува најновата анкета на МЦМС Македонскиот центар за меѓународна соработка, и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје ИДСЦС во пресрет на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат во април 2020 година.
Од анкетата јасно може да се забележи дека граѓаните ги перципираат опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ во кочење на законските решенија кои не треба и не смеат да препознаваат партиска боја и припадност.
Во Собрание пратениците на ДПМНЕ веќе два месеци ги кочат измените на законот за стечајци со кои уште најмалку 1.000 стечајци ќе добијат надомест од 8.500 денари месечно (покрај досегашните 12.000 луѓе кои беа обештетени од оваа Влада).
Го кочат законот за младински додаток со кој се предвидува на млади лица до 23 год. вработени во производна дејност да добиваат по 3.000 денари плус на платата. Цел месец наоѓаат „оправдувања“ за да не се донесе овој закон.
Цел месец не дозволуваат да се донесат законските измени за покачувања на платите на административните работници, лекари, професори.
Пратеникот Влатко Ѓорчев повеќе од 10 дена не закажува комисиска расправа на која треба да се изгласа покачување на пензиите за 900 денари од 1 јануари 2020 година за над 320.000 пензионери.
Сето тоа ја гради перцепцијата во јавноста и има влијание во изборот на граѓаните.
Ј. Ѓорѓиоски