ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Нуредини: Опасните хемикалии ќе се извезуваат во Швајцарија

Од Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги преставија преземените и планираните активности во овој ресор за годината што изминува и за наредната.

December 26, 2019 14:27
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во владина процедура се предлог – измените на законите за квалитет на амбиенталниот воздух и за животна средина, а експертска работна група подготвува нацрт-закон за индустриски емисии, со што се врши примена на обласната директива на ЕУ за индустриски емисии.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги преставија преземените и планираните активности во овој ресор за годината што изминува и за наредната.

Со предлог-измените на Законот за квалитет на амбиенталниот воздух се воведуваат краткорочни и среденорочни мерки кои градоначалниците, односно Владата, можат да ги преземат заради спроведување на плановите за квалитет на воздух на ниво на зона/агломерација, со цел справување со високите концентрации на ПМ10 честичките. Се пропишуваат и дополнителни надлежности за надзор на органи на државната управа со цел подобра контрола над спроведувањето на предметните планови и мерки.

– Со предлог – измените на Законот за животна средина се однесуваат на воведување на статусот на контаминирани подрачја, односно методологијата за нивно прогласување и обврската за изготвување на План за животната средина. Покрај тоа, се врши и реуредување во делот на надоместоците за животна средина, како за увоз на употребувани добра, така и за моторни возила, а со цел стимулацијата на употребата на поеколошки средства за транспорт, информира денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на предновогодишната средба со новинарите.

Министерството за животна средина и просторно планирање во рамки на своите надлежности реализираше повеќе активности, меѓу кои мапирање на сите капацитети кои се наоѓаат во близина на мерните станици од Државниот мониторинг систем, замена на неисправните мерни станици во пет нови. Исто така, започнати се и активности за акредитација на лабораторијата на МЖСПП и се очекува процесот да заврши во првата половина на наредната година.

Нуредини истакна дека мобилизирани се ресорните министерства и инспекциските служби за брза заедничка акција против загадувањето и најави засилени инспекциски контроли на можни извори на загадување.

Во врска со прашањето со аерозагадувањето, Нуредини информира дека се инсталирани мерни инструменти за мерење на ПМ10 честичките за квалитет на амбиенталниот воздух во Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес 2 и Кавадарци.

Министерот Нуредини посочи дека до 2020 година опасните отровни хемикалии од индустриските капацитети од нашата држава ќе бидат извезени во Швајцарија.

Покрај активностите за тековната 2019 година, од МЖСПП во секторот на водите најавија проекти во вредност од над 10 милиони евра, кои освен во главниот град Скопје ќе се реализираат и во другите градови на територијата на државата.

–  Во тек е подобрувањето на инфраструктурата за собирање на отпадни води во Градот Скопје и за надзорни активности. На почетокот на 2020 година ќе почне рехабилитацијата на канализациската мрежа во Општина Кичево и активности за супервизија. Во втората половина на 2020 година ќе почне изградбата на пречистителна станица во Општина Тетово и проширување на канализациската мрежа во оваа општина и активности за надзор, информираат од МЖСПП.

Во третиот квартал од наредната година ќе биде воспоставен интегриран и самоодржлив регионален систем за управување со отпад во источниот и североисточниот регион и активности за супервизија, поддржани од неколку други проекти за двата региони за затворање за некомпатибилни депонии и снабдување со возила и контејнери за двата региони.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Без вода ул. „1“ во Долно Лисиче

July 23, 2025
Скриншот

Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти

July 23, 2025

ОН соопшти дека израелските сили убиле над 1.000 баратели на помош во Газа од мај, додека состојбата со гладот се влошува

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk