ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Со нови луѓе во нова лустрација

Потребна е нова лустрација. Од почеток. Секако, прво правда за страдалниците од претходната. Прво индивидуална, семејна, политичка, граѓанска па и материјална сатисфакција на страдалниците од неодамнешната партиска лустрација.

December 26, 2019 15:19
in ПРАВДА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

oд корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Задоцнет потег на владата. Па сепак, кога е правдата во прашање, не би требало да е доцна никогаш ништо. Важното е да ја има и да е достижна макар кога тогаш како оваа со македонската лустрација. Како оваа наша автентична политичка појава која девијантно политикантски се обиде еден тоталитаризам да компензира со друг. Еве, се покажа дека со таков кусоглед партиско одмазднички начин, правда не се истерува. Напротив. Една неправда се замени со друга. Ефектот е нула па сега ќе треба пак сѐ од почеток.

Поништување на сите дејствија и на сите последици од режимската лустрација на ВМРО-ДПМНЕ што со закон го нуди владата, беше и е повеќе од потребно. Ова, токму во името на правдата, како показ дека таа е сепак достижна. Општественото дистанцирање од кодошите, од соработниците на тоталитарниот период во времето на владеењето на југословенската и на републичките комунистички партии во бившата заедничка Југославија, беше и сѐ уште е нужно. И тој процес, доколку конкретно македонското општество смогне сили, треба повторно да се отвори и сѐ да отпочне од почеток. Да се проветри минатото и конечно ова прашање историски да се затвори.

Жртвите на тогашниот, на периоди, полициско кодошки режим, нивните наследници, исто така, имаат право на сатисфакција и тоа е неспорно. Спорното на македонската лустрација, на таа корисна идеја за дистанцирање од луѓето кои биле дел од еден тоталитарен режим под чии идеолошки пранги страдале многумина невини, слободоумни, правдољубиви и демократски настроени граѓани е во, исто така, неспорниот факт што овој процес кај нас практично беше политичко партиска акција. Во време на плурализам, беше тоа парадоксална алатка на една тоталитарна партиска доминација во функција на пресметка со неистомислениците на тој современ режим.

Оттука, треба нова лустрација. Од почеток. Секако, прво правда за страдалниците од претходната. Прво индивидуална, семејна, политичка, граѓанска па и материјална сатисфакција на страдалниците од неодамнешната партиска лустрација. Затоа, ќе е целисходно паралелно да се случуваат два нужни процеси:

Прво, да се жигоса политиката и да се осудат и да се казнат креаторите и извршителите на таквата диференцијација; и,

Второ, да се спроведе вистинска објективна, правична лустрација како компензација за страдањата на недолжните од времето на тоталитарното еднопартиско едноумие.

Но, нужно е да се стори тоа како неутрален и како непартиски и како историски потребен чин.

И, секако, како за првиот, така и за вториот процес, се потребни иницијатива, политичка волја и чесни луѓе.

Само со чесни, само со нови луѓе е можно во нова лустрација.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk