ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Со тастер на семафорот на булевар „Србија” ќе се регулира поминувањето пешачки премин

По барање на граѓаните поставен е семафор за безбедно минување на булеварот „Србија".

December 26, 2019 13:29
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На булеварот „Србија” во скопската населба Ново Лисиче денеска беше пуштен во употреба првиот тастер со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето зелено светло на семафорот и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин.

Се работи за донација од компанијата „ОКТА”, како дел од кампањата „Јас внимавам”, во рамките на која вакви современи уреди ќе се постават на повеќе семафори на булеварите во Скопје.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изјави дека ја утврдиле потребата и по барање на граѓаните поставен е семафор за безбедно минување на булеварот „Србија”.

– Наидовме на разбирање и на барање од компанијата „ОКТА” да воведеме и еден поинаков нов систем, а тоа е кога нема толку многу сообраќај да може со помош на притискање копче да се отвори пешачкиот сигнал со цел да ја зголемиме безбедноста при преминување на улицата, особено на децата кои гравитираат овде и одат на училиште, рече Шилегов.

Тој додаде дека во текот на годинава на овој булевар изработиле и велосипедска патека.

Главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Геруланос посочи дека нивната идеја е преку иновативни и корисни практики да придонесат за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

– Поставувањето на овие механизми е новина во Скопје и се надеваме дека граѓаните ќе ги користат соодветно со што ќе се заштитат себе си, но и останатите учесници во сообраќајот. Особено ни е драго што наидовме на поддршка од Град Скопје за успешно да го реализираме овој проект како дел од нашата кампања „Јас внимавам”, изјави Геруланос.

Одговарајќи на новинарско прашање Шилегов рече дека дека пред два дена имал средба со дел од граѓаните кои живеат на улицата „Цветан Димов” и на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош”.

– Ние ја утврдивме потребата за поставување семафори за безбедно минување на пешаците на таа улица на две места и во тек е изработка, како стартна фаза, на сообраќајниот проект од страна на Секторот за сообраќај во Град Скопје со цел да биде доставен до МВР. По одобрувањето од страна на МВР, да биде дозволено поставување семафори, бидејќи ние ги изработуваме сообраќајните проекти, но конечната одлука е на МВР, објасни Шилегов.

Додаде дека се работи за површина поголема од 840 метри на која нема регулатива за забавување на сообраќајот. Додека да дојдеме до исполнување на постапката за поставување семафори, како што рече, во текот на денешниот ден на двете места, каде се пешачките премини, ќе бидат поставени светлосни сигнали за да се означи навечер дека има пешачки премин. Од друга страна ќе има и пластични, вибрациски ленти пред пешачките премини со цел да се ублажи одвивањето на сообраќајот во тој дел. Шилегов вели дека ќе инсистира во МВР постапката да биде забрзана.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

July 22, 2025

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот: Според опозицијата е скроен како предизборен поткуп, власта вели ќе обезбеди економски раст

July 22, 2025

Министерката Кочоска вели со ребалансот немало да се финансираат кампањи, туку проекти

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk