Министерот Сугарески, со одговор до претседателот на комисијата за транспорт на ВМРО-ДПМНЕ Синиша Ивановски.
„Некој господин Синиша од ВМРО ДПМНЕ пишува по фејсбук статуси дека сум бегал од дуели. Не бе момче, ниту сум избегал ниту пак ќе бегам, туку морам да ги поправам работите што Вие ги оставивте и направивте непроценливи штети по општеството и врз граѓаните.
Друга работа, транспортот и урбанизмот ми се многу јака страна, посебно реализацијата на капиталните проекти кои оваа година ќе надминат преку 80 проценти“, напиша Сугарески
Претходно Синиша Ивановски го повика Сугарески да не избегнува ТВ дуели за најавениот Законот за легализација.
„За жал предлагачот на овој закон министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски не се појави да го образложи законот и да се соочи со нашите аргументи.“ го повика покрај другото Синиша Ивановски, министерот Горан Сугарески.
Ј. Ѓ.