Локалниот огранок на движењето за климатска правда Fridays For Future Skopje за утре најавува нов марш, за кој што велат дека е последниот годинава во рамките на Зелена револуција, концепт кој обедини повеќе од триесет еколошки организации со 123 конкретни барања.
Протестот утре е последниот марш годинава во рамките на Зелена револуција. Нивно исполнување ќе значи конечен крај на кризата на животната средина во државава. Во петок нашите сојузници од Зелениот фронт даваат поддршка на симболичниот бојкот само на крајот на наставата, кој во никој случај не претставува бојкот за целиот училишен ден, туку само ефективен начин да се обрне внимание на проблемот“, соопштија организаторите.
Според нив, овоj период од школската година е важен за средношколците, но чистиот воздух е уште поважен.