„И не е нешто ново. Jас ви кажав впрочем и на последната седница на пратенички прашања колкава ќе биде разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и ќе биде меѓу 60-120 илјади, тоа ќе се случи.
Сè додека се вакви политиките, сè додека се вакви ставовите на политичките партии, сè додека се вакви резултатите, сè додека ги држи сеќавањето граѓаните какви биле во минатото резултатите, какви се сега резултатите, тоа е непобитен факт и секоја анкета ќе го потврдува тоа. Како одминува времето, одреден дел разочарани гласачи за владејачките партии пред сè за СДСМ, ќе се вратат заради тоа што се ежат од помислата дека ВМРО-ДПМНЕ може да дојде на власт, и тоа е факт и тоа ќе се случи, еве го 12 април тука е пред нас и нема бегање“, рече денеска претседателот на Владата, Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање.