ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДКСК: Се предвидува укинување на буџетското финансирање на платеното политичко рекламирање

Нацрт-верзијата на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси за 2020-2024, идентификува 12 области со ризик за корупција и две хоризонтални области. Прв прв пат меѓу областите се и медиумите, НВО, екологијата и земјоделството

December 27, 2019 14:02
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нацрт-верзијата на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси за 2020-2024, идентификува 12 области со ризик за корупција и две хоризонтални области. Прв прв пат меѓу областите се и медиумите, НВО, екологијата и земјоделството.

Претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска на денешната прес-конференција истакна дека документот е подготвен согласно законската обврска и во инклузивен процес со вклученост на релевантни институции, приватен сектор, невладините организации, а на увид на јавноста ќе биде до 8 јануари, 2020.

-Од денеска  па натаму нацрт верзијата на стартегијата ќе биде достапна на јавноста и сите заинтересирани страни ќе можат да ја разгледаат и доколку имаат свои сугестии и предлози да ни ги достават, а потоа доколку е можно и да ги вклопиме во документот. Натамошниот тек на Стратегијата е во Собранието каде треба да биде усвоена, рече Ивановска.

Владимир Георгиев координатор за подготовка на нацрт верзијата на стратегијата дека во овој консултативен процес може да се вклучи секој граѓанин, а документот треба да го донесат и формално до јануари, по што ќе биде доставена до Собранието кое треба да ја исвои како национален антикорупциски стратешки документ.

-Самата стартегија се заснова на проценка на ризици на национално ниво, каде со поддршка на УСАИД и експерти направивме пороценка каде ги детектиравме најризичните области, вклучувајќи како и досега правосудство, политичкиот систем, органите за спроведување на законот, но и делот на медиумите и невладиниот сектор кои ги разгледувавме од два аспекта – можност за корупција во самите нив, но повеќе од аспект како тие да придонесат во борбата против корупцијата. Покрај овие сектори ги обработивме образованието, труд и социјална политика, за прв пат и спортот бидејќи оценивме дека досега не биле адресирани ризиците за корупција во спортот, а очигледно дека постојат. Потоа здравството, за прв пат и екологијата и земјодлството. Така што има 12 сектори на кои што развивме и акционен план во рамки на работната група и две хоризонтални области кои се провлекуваат низ сите овие сектори, а тоа се јавните набавки и вработувањата во јавниот сектор, рече Георгиев.

Во делот на медиумите и граѓанските организации членот на Комисијата Горан Трпеноски истакна дека во новата нацрт стартегија ставени се четири мерки за кои е констатирано дека носат ризик од корупција. Меѓу нив и регулацијата односно саморегулацијата на интернет медиумите, согласно и проектот на ЗНМ за регистар на он лајн медиуми кои се професионални и за платеното политичко рекламирање од јавни пари.

-Предвиено е укинување на буџетското финансирање на платеното политичко рекламирање (ППР) во изборните циклуси, зајакнување на критериумите за доделување на државна помош на печатените медиуми, саморегулација на он лајн медиумите и донесување на јавна стретегија што сака државата во медиумскиот сектор и особено трошењето буџетски пари да стане јавно. Истото се однесува и за граѓанските организации, рече Трпеноски според кого укинувањето на ППР ќе оди тешко но вели, добро е да отвори дебата за тоа прашање.

Запрашана за ветингот, претседателката на ДКСК истакна дека Комисијата постапува согласно законските обрски во делот на праводуството. Потсети дека веќе кажале дека ќе подготват годишен план за проверка на судиите,со кој нема да бидат сите судии опфатени туку ќе се изготви избор на примерок од провизорно 100-150 судии, врз основа на податоци од Републичкиот судски совет и од пријавите кои ги имаат.

-За да се спроведе ветингот потребно е да биде донесен закон. Наша редовна надлежност по закон ние е проверка само на имотната состојба. Ние не можеме да бидеме активен дел од ветинг комисиите, рече членот Нури Бајрами.

Од Комисијата се заложија во иднина доколку е технички изводливо на нивната веб страница да може да се пријавуваат забелешки за нивното однесување.

Ова е прв пат нацрт верзијата на стратегијата да се презентира јавно пред да биде донесена. Антикорупциска очекува стратегијата да биде усвоена во Парламентот од актуелниот собраниски состав.

Next Post

Донација за одделот за гинекологија и акушерство во кумановската болница

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk