ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Донација за одделот за гинекологија и акушерство во кумановската болница

Гинеколошко – акушерскиот одел и оделот за неонатологија од општата болница Куманово добија гинеколошки стол, стерилизатор и две инфузиони пумпи. Донацијата која денеска беше промовирана ја обезбеди компанијата Окта во соработка со Project Hope и Министерството за здравство

December 27, 2019 14:20
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Гинеколошко – акушерскиот одел и оделот за неонатологија од општата болница Куманово добија гинеколошки стол, стерилизатор и две инфузиони пумпи. Донацијата која денеска беше промовирана ја обезбеди компанијата Окта во соработка со Project Hope и Министерството за здравство, пренесе МИА.

-Таквиот координиран пристап со донација на опрема со инвестиција од страна на Владата исто така во опрема и примање нов кадар, носење странска експертиза со што се подигна знаењето и вештините на нашите лекари, конечно даде резултат и имаме за навистина краток период од почетокот на овие активности преполовена новороденечка смртност. Тоа се резултати со кои навистина се гордееме, бидејќи покажаа дека дефинитивно со зајакнува здравствениот систем во делот на оваа проблематика, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот рече дека ова е само дел од опремата од ПериМак проектот, донирана од компанијата Окта, која ја препознала важноста од проектот со кој се зајакнува системот на гинекологија и акушерство, на ран третман на порано родените бебиња. Филипче појасни дека проектот почнал пред три години и  со координирани активности со други институции и агенции, СЗО, УНФПА. Тој најави дека во наредниот период ќе се преземат активности, предвидени во 2020 година, а се однесуваат на унапредување на родилиштата во Куманово и  Тетово, потсетувајќи дека претходно е инвестирано во родилиштата во скопската универзитетска клиника на гинекологија и болницата во Чаир.

– Целта е да се постигне едно ниво согласно светските стандарди, заради тоа што веќе се имплементирани сите протоколи за соодветна стручна работа, по препораките на сите стручни здруженија за третман на порано родените бебиња, изјави министерот и се заблагодари на компанијата за донацијата.

Директорот на Окта, Јанис Геруланос, рече дека компанијата како општествено одговорна ќе продолжи со донации и во иднина кои се значајни за граѓаните.

-Верувам дека со оваа донација на модерна медицинска опрема ќе придонесеме значително да се подобрат условите на одделот за гинекологија и акуштерство во Општата болница во Куманово, рече Геруланос.

Директорката на болницата, Снежана Захариева се заблагодари на донацијата, истакнувајќи дека опремата била неопходна. Стручниот тим верува дека со опремата  ќе се подобри квалитетот на здравствените услуги на гинекологија во Куманово.

Таа потсети дека 2019 добиле донации од Министерството за здравство, од општествено одговорни компании, од Project Hope, од кои очекува дополнителна донација за 2020 година.

Захариева рече дека, иако има благо опаѓање на бројот на новороденчиња во болницата, сепак родилиштето во Куманово е едно од најголемите во државата. Во 2017, бројката на новородени изнесувала 1.380 , 2018 имало 1.250 раѓања, а до денеска родени се 1.099 новороденчиња.

-Се намалува и неонаталната смртност. Во 2018-та имавме девет мртвородени и едно починато после раѓањето, оваа година имаме три мртвородени деца. Најсреќни би биле да е нула, но овие бројки се движат во светски рамки, изјави Захариева.

Next Post

Фирмите го преполовија работното време на новите мајки и не згрешија

НАЈНОВО

Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025
Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk