пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Мицкоски пак се заканува со гневот на народот и на ВМРО, ако немало избори. А анкетите му кажаа – вакви какви што се тој и неговата партија, 60% од народот ги нејќе назад на власт.
Нека размисли зошто. Можеби е и до ваквиот насилнички вокабулар, својствен само за политички примитивци.
Можеби е до тоа што не се дистанцира од деценискиот криминал за време на власта на неговата партија, најбогата во Европа, што изеде стотици милиони народни пари.
Можеби е до тоа што збори дека е за народот, а му кочи покачување на пензии, плата, минималец…
Можеби затоа што зборува за правда, а неговата партија ги кочеше и кочи сите закони и решенија во Собранието и институциите за да дојде правдата.
Можеби затоа што дома и на митинзи не ја дава Македонија и ечи „никогаш Северна“, а надвор тој и неговата партија одат како Северна Македонија, земаат плата од Северна Македонија, што би се рекло, дома плука и мава, а платичка со Северна „потписјава“ и по надвор „поткрепјава“.
Но, наместо нови политики, решенија подобри од оние на Заев, натпревар на проекти, идеи, аргументи – Мицкоски пак нуди гнев, народ, 27 април, 24 декември, насилство, омраза, квазипатриотизам, инает…
Нека не се секира, ниту за народот, ниту за неговиот гнев.
Барем за оние 60%. Ќе му го кажат нивниот гнев, ама на избори. Кога и да дојдат. Ја да сум како него, не би се јуначел и би молел да дојдат подоцна, да спласне малку тој гнев на тие 60%.
Оти, да повторам, вакви какви што се, безидејни, арогантни, насилни, надмени, лицемерни, полни црнила и омраза, а не оптимизам и надеж – Мицкоски и неговата партија под телекоманда од надвојводата од Будимпешта, никогаш нема да дојдат на власт.
#AluminiumOverload
#NieSmeLudaci