ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Избори или изговори

Изборниот модел и социјалните теми најверојатно ќе бидат каменот на сопнување кој многу лесно може да нѐ доведе до утрешната основна, до пржинската тема за составот на привремената предизборна влада. Комбинацијата на силите во рамките на тројката преговарачи Заев, Ахмети и Мицкоски е со ротирачка комбинација во однос на утрешниот договор или на утрешниот недоговор. Од таа причина, сѐ уште е неизвесно и дали партиските лидери воопшто ќе стасаат до кадровските теми.

December 27, 2019 11:05
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Изборниот ден „д” не е на 12-ти април, туку утре во владата. Во владините одаи, лидерите на клучните политички играчи ќе лицитираат и ќе треба да ги конкретизираат кадровските решенија за привремен премиер, за неколкуте пржински министри и за уште по некоја кадровска дребулија во насока на пролетните предвремени.

Но, на утрешната средба, е мошне извесно, воопшто да не се стаса до оваа прва точка од навестениот дневен ред. Пред власта да го соопшти името на новиот привремен прв министер, а опозицијата своите кадри за ресорите полиција, социјала и финансии, лутите партиски противници ќе треба да си расчистат уште по некоја предизборна сметка.

Пред сѐ, околу блокираните собраниски процеси. Најнапред, со иницијативите за новиот изборен модел и за владиниот пакет социјални мерки, како за стечајците, за паричните надоместоци за социјално загрозените, за пензиите и за уште по некоја изборно популарна мерка за власта и за изборно непопуларна мерка за опозицијата.

Изборниот модел и социјалните теми најверојатно ќе бидат каменот на сопнување кој многу лесно може да нѐ доведе до утрешната основна, до пржинската тема за составот на привремената предизборна влада. Комбинацијата на силите во рамките на тројката преговарачи Заев, Ахмети и Мицкоски е со ротирачка комбинација во однос на утрешниот договор или на утрешниот недоговор. Од таа причина, сѐ уште е неизвесно и дали партиските лидери воопшто ќе стасаат до кадровските теми. До кадровските решенија кои изборите договорени за дванаесетти април конечно би ги направиле извесни.

На меѓупартиските еквилибристики, на нивните извесни комбинаторски неизвесности,  би им позавиделе и спортските обложувалници. Само една, две посоки:

Прво, Мицкоски и Ахмети се наспроти Заев за темата изборен модел. Второ, Заев и Ахмети се наспроти Мицкоски во однос на собраниската блокада за владиниот пакет социјални мерки. Трето, како и да се заврти рулетот, крупието во сите варијанти е Ахмети. Како и во многуте претходни, така и во ова сѐ уште неизвесно предизборие, кај него е клучот. Кај него е и спикерот Џафери кој единствено може да ја организира последната собраниска седница во овој состав и да ги прогласи предвремените избори за април.

Оттука, сѐ до денеска, во јавноста доминантната тема за кадровските комбинаторики за најновата пржинска влада, на утрешната сеанса на партиската лидерска тројка, лесно може таа воопшто и да не дојде на нивниот дневен ред.

Па, ако тоа се случи, ако во април предвремени ќе нема, тогаш до редовните само изговори ќе има.


Сите права се задржани.

Next Post

Од 1 јануари за 10 отсто повисоки плати за вработените во образованието

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk