ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мала нација, многу пасоши…

Може ли да се биде пратеник во нашето Собрание, а да се биде државјанин и на друга земја? Кога гласаш за закони или за меѓународни акти во Собранието, чија државна лојалност спроведуваат ваквите пратеници? Да речеме, меѓудржавниот договор со Бугарија… Треба ли да елаборирам понатаму?

December 27, 2019 10:46
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Прашањето за тоа дали може да се биде амбасадор на државава во друга земја, а да се има, покрај македонското, и друго државјанство, е принципиелно, но не така едноставно за одговор.

Не се работи само за морално-политичката дилема како да се претставува една земја во друга, а да се има граѓанска, „државјанска“ лојалност (и обврски) и кон трета земја, туку се работи и за правни реперкусии кои, во нормални околности, може да изгледаат неважни, но во вонредни околности можат да имаат последици не само по дипломатот, туку и по „замешаните“ држави во даден правен спор. И тоа не мора, неопходно, да се занимавате само со „високи“ прашања од дипломатијата и политиката – безбедносни или оние кои третираат службени и државни тајни, на пример, до прашања за војна и мир меѓу одредени земји, во крајна линија – туку и за многу посекојдневни правни компликации… На пример, ако еден дипломат, па макар и амбасадор, е домашен насилник или пијаница (а сме имале и такви искуства), кои се правните и другите последици по него и по Македонија доколку во „спорот“ се имплицира и земјата чијшто „втор“ пасош го поседува таквиот дипломат?

Всушност, имено, постои ли категорија на „прв“ и на „втор“ пасош?

За почеток, јасно е дека земјата-домаќин нема да ги прифати акредитивите на дипломатот кој, покрај македонскиот, поседува пасош и од земјата каде се бара негова акредитација (ако добро се сеќавам, пред десетина години имавме едни такви компликации со Полска), но не ли се изложува нашата држава на ризикот некоја од бараните акредитации да ни биде одбиена токму заради односите (па, дури, и можните односи) на земјата-домаќин со земјата чијшто „втор“ пасош го поседува нашиот проспектен амбасадор? Би било тоа непријатна дипломатска бламажа за нас…

Ставете се во обратна позиција: да речеме, некоја земја да побара ние овдека да акредитираме амбасадор од таа држава, а тој да поседува и друг пасош од некоја нам соседна или „несоседна“ земја… Претпоставувам дека би требало и ние, дипломатски дискретно, да покажеме резерва кон таквите барања за акредитација.

Сигурен сум дека оние кои формално ги третираат овие прашања (пред сè, експертите за меѓународно право и дипломатски односи) ќе наведат јасни одредби за тоа дали може или не може да се одобри ваквата практика. Но, зарем не е наједноставно, па дури и морално-политички најкоректно, оние кои аспирираат да станат македонски амбасадори во странство, доброволно, пред и да бидат кандидирани, да се откажат од своите други државјанства? Сигурен сум дека се тоа луѓе со највисоки квалитети за извршување на амбасадорската позиција, но професионалните и дипломатските квалификации за таа работа не се единствените критериуми што треба да се земат предвид пред да бидат кандидирани.

Од друга страна, Македонија е мала земја во која – заради безброј практични или роднински причини – десетици илјади државјани имаат по уште еден, а некои и трет пасош во џебот. На тоа не треба да се гледа со сомневање или со политичка злоба. Тоа е судбината на малите нации и, веројатно, е добро за општиот просперитет на државата.

Но, на страна дипломатите, може ли да се биде пратеник во нашето Собрание, а да се биде државјанин и на друга земја? Кога гласаш за закони или за меѓународни акти во Собранието, чија државна лојалност спроведуваат ваквите пратеници? Да речеме, меѓудржавниот договор со Бугарија… Треба ли да елаборирам понатаму?

Следното се министрите: во неколку последователни влади – и во оваа, но кај Груевски најмногу! – ние имавме странски државјани кои обавуваа министерски функции (некои, патем, не го говореа ни официјалниот македонски јазик, слично на Али Ахмети), а со тоа седеа и седат на седници на владиниот Кабинет каде се расправаат и носат разни чувствителни или стратегиски одлуки од сите области во делувањето на земјата. Тоа, некако, го прифативме за нормално. Но, никогаш јавно не го продебатиравме како што треба.

Оти, ако можеш да бидеш амбасадор, пратеник или министер од и во оваа земја, зошто тогаш да не можеш да бидеш претседател или премиер на државата со два-три пасоши во џебот?

Повелете… И, не заборавајте, не е ова прашање само за оваа или за онаа партија; или за едната или за другата гарнитура на власт и во опозиција… За ова треба јавна дебата, а потоа и законска регулација, ако досегашната не чини.


Сите права се задржани.

Next Post

Приведени 12 лица, сузбиена криминална група за шверц на хероин и кокаин, запленета дрога вредна милион евра

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk