ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

На денешен ден

1831.- Англискот научник Чарлс Дарвин ја започнал петгодишната експедиција во која ги проучувал геолошките формации, растенијата и животните. Ја засновал научната теорија за еволуцијата на живите организми, позната под името – дарвинизам.

December 27, 2019 09:15
in ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

1571.- Во Вајл, Германија, е роден Јохан Кеплер, германски астроном, математичар и физичар. Познат е по формулирањето на законите за движење на планетите што претставуваат основа на современата планетарна астрономија. Со своите проучувања ја докажал вредноста на хелиоцентричниот систем. Умрел во Регенсбург, Баварија, на 15 ноември 1630 година.

1585.- Во Париз умрел Пјер Ронсар, француски писател од времето на ренесансата, водач на поетската школа “Плејада”, љубител и добар познавач на грчката и на латинската книжевност. Француската поезија ја обновил со богатството на инспирации и со разновидноста на поетските облици. Роден бил на 11 септември 1524 година.

1822.- Во Дол е роден Луј Пастер, француски хемичар и биолог, кој во првите истражувања дошол до заклучок дека топлината ги уништува штетните бактерии и со тоа ја поставил основата на постапката за стерилизација при хируршките зафати, што во негова чест е наречена – пастеризација. Утврдил дека ферментацијата е биолошки процес и ги пробил дотогашните теории за спонтаната регенерација на микроорганизмите. Пастер го задолжил човештвото со откритието на вакцината против беснило, до која дошол по низа експерименти во 1895 година.

1831.- Англискот научник Чарлс Дарвин ја започнал петгодишната експедиција во која ги проучувал геолошките формации, растенијата и животните. Ја засновал научната теорија за еволуцијата на живите организми, позната под името – дарвинизам.

1904.- Во Берлин е родена филмската актерка Марија Магдалена фон Лос, позната како Марлен Дитрих, една од најголемите филмски ѕвезди во светот на 20 век. Светската слава ја стекнала во американските црно-бели продукции, преминувајќи од Германија во САД, заедно со познатиот режисер Ерих фон Шрохајм, кому му ја должела својата најпозната креација во антологискиот филм “Синиот ангел”. Умрела во Париз, на 6 мај 1992 година.

1927.- Со одлука на Сталин, советскиот револуционер, поранешен раководител на Црвената армија и прв шеф на советската дипломатија Лав Троцки бил исклучен од Комунистичката партија. Две години подоцна бил протеран од Советскиот Сојуз, а бил убиен во Мексико во 1940 година, по наредба на Сталин.

1938.- Во Скопје на македонски говор првпат била изведена драмата “Парите се отепувачка” од македонскиот драмски писател Ристо Крле.

1945.- Стапил во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бертон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот.

1949.- Холандската кралица Јулијана потпишала документ со кој и бил даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа.

1956.- Флотата на Обединетите нации почнала со чистење на Суетскиот канал по Суетската војна, односно воениот поход на Велика Британија, Франција и Израел на Египет, стопирана со интервенција на Советот за безбедност на Обединетите нации.

1971.- Во Скопје била отворена новата зграда на Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“.

1972.- Белгија, како прва НАТО-земја, воспоставила дипломатски односи со Источна Германија.

1975.- Повеќе од 400 рудари загинале во експлозија во рудникот за јаглен во Часнали во индиската држава Бихар.

1978.- Умрел алжирскиот државник Хуари Бумедиен, кој станал претседател на Алжир во јуни 1965 година, кога без пролевање крв ја соборил власта на Ахмет Бен Белa.

1979.- Во Авганистан бил извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз извршил интервенција во земја која била членка на Варшавскиот пакт.

1992.- Американските ловци урнале ирачки воен авион врз јужен Ирак наводно поради тоа што два ирачки борбени авиона биле со намера да ги нападнат американските авиони од типот „Ф-16“.

1995.- Израелските војници го напуштиле Рамалах, со што завршило нивното повлекување од сите шест градови на Западниот Брег, кои врз основа на договорот меѓу Израел и ПЛО биле дадени под управа на Палестина.

2006.- Умрел Џералд Форд, поранешен претседател на САД. Прекарот „случаен“ го добил затоа што на местото шеф на Белата куќа неочекувано го заменил Ричард Никсон, кој се повлекол по аферата „Вотергејт“. Бил единствениот претседател на САД кој не бил избран на избори за оваа функција. На изборите во 1976 година Форд бил поразен од  демократот Џими Картер.

2007.- Во Равалпинди била убиена Беназир Буто, поранешна пакистанска премиерка. Родена била на 21 јуни 1953 година.

2016.- На 61-годишна возраст почина глумицата Кери Фишер, која е најпозната по улогата на принцезата Леја во оригиналниот серијал филмови „Војна на ѕвездите“. Кери почина четири дена откако пристигна од Лондон во нејзиниот дом во Лос Анџелес, каде сакаше да ги помине празниците со нејзините најблиски. Во текот на летот таа едноставно престанала да дише, па од аеродромот веднаш беше однесена в болница, каде лекарите утврдиле дека актерката има проблеми со срцето.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Сиљановска – Давкова: Во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето на ЕУ

June 17, 2025

Гаши се сретна со претседателот на Азербејџан, Алиев: Заедничка е заложбата за силно партнерство, особено во делот на енергетиката

June 17, 2025

Во неколку скопски населби се појавија лисици, „Анима мунди“ апелираат: Не се опасни и не напаѓаат луѓе

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници открија мистериозни радио бранови кои доаѓаат од под мразот на Антарктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марјан Илиевски нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk