ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прилепското стопанство годинава ја помина со големи предизвици

Одливот на стручната работна сила, недостигот на капитални инвестиции, потребата од заштита на домашното производство, големата цена на суровините на светско ниво, како и инфраструктурата, се главните чинители што ја одбележаа стопанската 2019 година во Прилепско. Недостигот од овие компоненти ја направи нестабилна годинава за стопанисување, сметаат стопанствениците. Најпогодени се текстилната, прехранбената, трудоинтезивните индустриски гранки

December 27, 2019 10:18
in ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Наташа Стојкоска

Наташа Стојкоска

Share on FacebookShare on Twitter

Прилепското стопанство годинава ја помина со големи предизвици. Одливот на стручната работна сила, недостигот на капитални инвестиции, потребата од заштита на домашното производство, големата цена на суровините на светско ниво, како и инфраструктурата, се главните чинители што ја одбележаа стопанската 2019 година во Прилепско. Недостигот од овие компоненти ја направи нестабилна годинава за стопанисување, сметаат стопанствениците. Најпогодени се текстилната, прехранбената, трудоинтезивните индустриски гранки, пишува МИА.

Според Гордан Бошкоски од градежната индустрија, годинава беше тешка. Немаше квалификувана работна сила, ниту се градела со години во градежништвото, каде што старосната структура е висока, ниту смета дека имало доволно капитални инвестиции зашто, сакале или не, се потпираме на државната поддршка.

– Може да кажам дека во 2019 година немаше поволна клима за градежништвото. Главно, зашто оние проблеми што ги имаме и претходно беа актуелни – отсуството на квалификувана работна сила, која ни е потребна. За жал, како градежни комапнии, не произведуваме нов кадар, а просекот на годините на вработените во градежништвото е многу висок и сите, речиси, се пред пензија. Па затоа, во наредниов период нè очекуваат уште полоши моменти. Големо влијание во сегашната ситуација има отсуството на капитални објекти. Затоа, не можам позитивно да ја оценам 2019 година за градежништвото. Факт е дека градежништвото и другата индустрија зависат од тоа што државата инвестира во капиталните објекти. Со тоа се обезбедува работа за поголемите компании, а со тоа се остава простор и помалите компании да си го најдат местото на пазарот. Ние сѐ уште не сме таква развиена економија, која без државна интервенција би опстојувала и би работела профитабилно и да имаме добра клима за работа, објаснува Бошкоски.

Наташа Стојкоска, директорка на набавки и за логистика во прехранбената индустрија „Витаминка“, смета дека поминуваат тешка година. Светските берзи диктираа високи цени на суровините, а тендецијата е в година да се израмни домашниот со пласманот на светските пазари. Стојкоска нагласува дека е неопходна поддршката на домашното производство.

– Не сме многу задоволни од добивката. Годишниот приход е 7,5 насто, а очекувањата беа преку 12 проценти. Оваа година, како и сите стопанственици, се соочивме со одливот на работната сила. Проблем што почна во 2015 годна. Утешно е дека не е поради незадоволството од работодавецот, туку од потребата од подобра заработувачка во земјите на ЕУ. Одливот ни е 5 насто. Се обидуваме да ги подобриме условите и да ги задржиме вработените. Прво, зголемувањето на платите, бенефиции за жените вработени, три месеци по породилното работа на скратено време, зголемувањето на платите на повеќечлено семејство во фабриката. Во однос на присутноста на производите на домашниот и на странскиот пазар, сè уште односот е 60 насто на домашниот и 40 насто на странскиот пазар. Нашите настојувања во 2020 година се, барем, изедначување на соодносот. Оваа година беше тешка од сите аспекти. Светските берзи се однесуваа како што никој не очекуваше. Се зголемија трошоците на прозиводството поради поголеми цени на суровините. Очекувањата се дека ќе продолжи порастот на цените на суровините, но што е, тука е. Ние треба да бидеме подготвени за тоа, но и да бидеме поприсутни на странските пазари. Секако се добредојдени државните прописи за подобар извоз, но битна е заштитата на домашното производство. Тоа го прават земјите од нашето опкружување. Потребен е репроцитет за производите што се увезуваат и за домашните производи што се извезуваат, анализира Стојкоска.

Ирена Јакимоска

Потребна е национална стратегија да се надминат дубиозите, а стопанството да се вклучи во продукцијата на стручни кадри. Материјалната состојба, велат стопанствениците, се подобрува, платитите за 16-тина насто се зголемуваат, на вработените им се нудат подобри услови. За новата производствена година остануваат приоритетите во подобра инфраструктура и заштита на домашното производство. Ирена Јакимоска, претседателка на Прилепската регионална стопанска комора, ги пренесува заклучоците на асоцијацијата, која ја анализира оваа и поставува приоритети за наредната година.

– На последната средба со стопанствениците од Прилепско заклучивме дека резултатите во стопанството оваа година нема да бидат во релација со очекувањата. Една од најголемите причини за потфрлањата е процесот на миграцијата, состојба и во земјите од регионот. Во овој момент не може да направиме драстични промени, но сметам дека треба да се работи за национална стратегија: како да се надмине или, најблаго речено, да се амортизира ударот врз бизнис-заедницата. Заклучивме дека сите тие препреки што нè оневозможуваат да ги постигнеме посакуваните резултати се дел од состојбите во државава, од регионот и се европски тренд. Но, заклучуваме дека една од причините поради која не може да ги постигнеме резултатите е нашата инфраструктура. Или немањето инфраструктура е нашето отсекување како цел Пелагониски Регион од останатиот дел од земјава. Не станува збор само да имаме непречен проток на стока, туку и непречен проток на луѓе, што е побитно од сите материјални добра. Приоритет, секако, останува преструктурирањето на образовниот процес. Секако, тоа е обврска на владините институции, но процесот да биде поттикнат од стопанството за да се создаваат потребните кадри и профили. Од материјален аспект, во моментов во фирмите од Прилепско примањата се зголемени од 12 до 16 проценти, но секогаш материјалното не е причина за заминување во странство. Во секој случај, зголемувањето на стандардот да биде напоредно со зголемувањето на продуктивноста во работењето за да бидеме конкурентни на домашниот и на странскиот пазар. Една од најбитните точки што стопанството со јавните институции мора да ја преземе е да се најде начин за заштита на домашното производство. Искуствата покажуваат дека регулативата досега не е на високо ниво. На пример, голем број од домашните производи не се наоѓаат рамноправно со странските производи на рафтовите во маркетите, и тоа пред домашните купувачи. Дефинитивно треба поинтензивно да работиме и да најдеме начин да си го заштитиме сопственото производство, анализира Јакимоска.

Ако е охрабрување, малите семејни бизниси во Прилепско бележат развој. Поголем е интересот на отворањето на овие бизниси, зашто во споредба со 2018, за 20-тина насто е поголем интересот да се добијат државни грантови од по 5.000 до 10.000 евра, ако се содружници да отворат нов бизнис. Дали во малите бизниси е иднината, се отвораат прашањата.

Во секој случај, на стопанството му е неопходна соработка со државните институции за развој во наредната година, која, мора да признаеме, е изборна година и ќе ги забави повеќето процеси во земјава.

 

Next Post

Заев: Оставам аманет за структурната реформи на образованието до април

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk