ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Утврдена дискриминација по основ на етничка припадност извршена со оневозможување пристап до чиста и здрава вода за пиење

Тужителите, припадници на ромската заедница, живеат на периферијата од градот каде не им е овозможен пристап до чиста и здрава вода за пиење за разлика од останатите граѓани на Прилеп, од друга етничка припадност, кои живеат во непосредна близина.

December 27, 2019 10:05
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter
Апелацискиот суд Битола утврди дискриминација по основ на етничка припадност извршена со оневозможување пристап до чиста и здрава вода за пиење.

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) информира дека на 13 декември годинава Апелацискиот суд Битола донесе пресуда со која ја преиначи пресудата на Основен суд Прилеп и утврди дека Општина Прилеп и ЈКП Водовод и канализација Прилеп извршиле дискриминација спрема тужителите, со тоа што им  оневозможиле пристап до чиста и здрава вода за пиење.

-Тужителите, припадници на ромската заедница, живеат на периферијата од градот каде не им е овозможен пристап до чиста и здрава вода за пиење за разлика од останатите граѓани на Прилеп, од друга етничка припадност, кои живеат во непосредна близина.  Тужителите, во постапка поддржана од МЗМП, побараа судска заштита сметајќи дека правото на еднаков третман со неовозможувањето пристап до чиста и здрава вода за пиење е резултат на нивната припадност на ромската етничка заедница која живее во РСМ. Основниот суд во Прилеп ја одби нивната тужба како неоснована на што тужителите изјавија жалба, информираат од МЗМП.

Апелацискиот суд во Битола жалбата ја уважи и првостепената пресуда ја преиначи во корист на тужителите. Според Судот, тужените, Општина Прилеп и ЈКП Водовод и канализација, не успеале да докажат дека не извршиле дискриминација, и поради тоа ја усвоил тужбата. Со ова Судот непосредно и правилно го применил правилото  според кое товарот на докажување дали постои или не дискриминација е на страната на тужените, не на тужителите. Со ваквата одлука се создава позитивна судска пракса која го олеснува пристапот до правда на жртвите на дискриминација.

Од МЗМП влат дека за поздравување е и примената на Судот на одредбата од Уставот на РСМ според која водата е издигната на степен добро од општ интерес за државата како и на резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации A/Res/64/292 од 28.7.2010 год. со која пристапот до вода, водовод и канализација е признато како човеково право. Судот ја применува и судската пракса на Европскиот суд за човекови права, според која непристојните услови за живот кои се последица на недостиг до пристап на здрава вода за пиење и одржување на личната хигиена можат да доведат до нивото на страдање што го предвидува член 3 од Европската конвенција за човековите права и го повредува правото на семеен и приватен живот, член 8 од конвенцијата.

МЗМП ја поздравува одлуката на Судот и истакнува дека оваа пресуда е од големо значење поради тоа што правото на чиста вода за пиење во пресуда на домашен суд е издигнато како основно човеково право и дека државата мора да преземе активни мерки да се обезбеди дека секое лице и секоја група имаат еднаков пристап до чиста вода за пиење.

Тужителите беа застапувани од адвокат Емил Паришко од Битола, член на тимот на адвокати на Македонското здружение на млади правници.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

July 26, 2025
Скриншот

Норис ја обезбеди пол-позицијата на белгиското Гран при

July 26, 2025

Поради пожари во Турција евакуирани над 2.600 лица, десет загинати

July 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk