ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Оставката е подготвена, чека само на потпис

Ако Парламентот си стои на зборот, нема потреба од одложување на изборите

December 27, 2019 17:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оставката на премиерот Зоран Заев е подготвена, чека само на потпис, а премиерот има свој фаворит за технички премиер, но денеска не сакаше да го каже неговото име пред предлогот вечерва да помине низ процедурите на партиските тела. Тој и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ утре на лидерската средба ќе разговараат за кадровските решенија за новата техничка влада, други теми не се предвидени, но доколу постои взаемен интерес може да се отворат, пренесе МИА.

Тој денеска одговорајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со министерката за правда Рената Дескоска посветена на отпишувањето камати за долгови дадени на извршување, во врска со можноста да се одложат изборите истакна дека е задоволен од разумноста на Парламентот дека до Нова Година, а според некои најави и денеска ќе бидат усвоени сите закони кои имаат импакт од 1 јануари.

Нагласи дека ако Парламентот си стои на зборот нема потреба од одложување на изборите.

„На 3 јануари јас ќе ја поднесам мојата оставка и верувам дека истиот ден ќе може да се даде мандатот на новиот претседател на владата за да може истиот ден да се избере и да ги запазиме роковите. Оставката е подготвена чека на потпишување“, рече Заев.

Фаворит за технички премиер има, вели тој е овластениот предлагач, но ја почитува партиската демократија и ќе ги почека одлуките на Централениот и Извршниот одбор, кои ќе бидат донесени денеска на попладневните седници.

„Да ги почитуваме политичките институции кои одлучуваат за вакви прашања, вечерва ќе се знае кој ќе биде технички премиер, потпретседател за економски прашања, двајцата заменици министри со право на вето“, рече Заев.

Во врска со утрешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека таа е на барање на Мицкоски, бидејќи тоа е согласно законот за Влада.

„Должен е како лидер на најголемата опозициска партија да ги консултира двете најголеми владејачки политички партии. Тој доаѓа во Владата, ќе разговараме за новиот министер за внатрешни работи во техничката влада, но и за другите кандидати. Потоа обврската ќе ја реализира со лидеротг на втората по големина владејачка партија“, истакна Заев и додаде дека темата е техничката влада, но ако има взамене интерес може да се отворат и други прашања.

Next Post

МТСП: Социјалниот дијалог одлично функционира, се носат мерки во интерес на вработените и граѓаните

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk