ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќе се обновува спортската сала „Партизан“, граѓани ги разгледуваа идејните проекти

Двата идејни проекта за ревитализација на салата ќе бидат објавени на општинската веб-страница, а карпошани ќе гласаат за новиот лик на овој култен спортски објект

December 28, 2019 17:13
in РЕПУБЛИКА, ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Под мотото „Партизан обединува“, Општина Карпош денеска организираше настан на кој граѓаните ги разгледуваа предложените идејни проекти за обнова на познатата спортска сала, а се чистеше и околниот простор со оградување на објектот за да се спречи дополнително уништување. На денешната маалска дружба, како што соопшти Општината, присуствале повеќе граѓани, а пред присутните се обратиле претставници од институциите, граѓанскиот сектор и архитектот на салата Трајко Димитров.
Градоначалникот Стефан Богоев истакнал дека двата идејни проекта за ревитализација на салата ќе бидат објавени на општинската веб-страница, а карпошани ќе гласаат за новиот лик на овој култен спортски објект. Тој го истакнал задоволството што салата конечно е во владение на Општината, а се заблагодарил и до сите страни кои биле дел од Иницијативата за спас на „Партизан“.

– Трајно го заштитивме овој јавен простор. Тука нема да има нова зграда, туку нова спортско-рекреативна зона, спортски центар кој ќе поврзува различни генерации. „Партизан“ е во срцата на многу граѓани, а тука младите ќе можат да создаваат нови спомени и моменти, рече Богоев.

Според Симона Димковска, претседателка на меѓународното здружение „Културно ехо“, ова е позитивен пример како стар и напуштен објект може да се заштити и да се преземат активности за негова ревитализација и повторно враќање во функција на спортот и граѓаните.

За обнова на салата се предвидени средства од Агенцијата за млади и спорт. Првиот човек на АМС, Дарко Каевски истакнал дека реконструкцијата на „Партизан“ е дел од буџетската програма на институцијата за претстојната 2020 година.

– Посебни емоции кај присутните предизвика обраќањето на еден од најистакнатите македонски архитекти, Трајко Димитров, кој е идеен творец на салата. Почитуваниот Димитров изрази задоволство што идејните проекти го гарантираат автентичниот изглед на салата, но даваат и нова енергија на целиот простор, наведува Општина Карпош во соопштението.

Граѓаните денеска можеа да ги видат идејните проекти, а на почетокот на 2020 година ќе имаат можност и да гласаат  електронски, со што ќе се обезбеди и нивна вклученост во овој процес.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ФОТО ВЕСТ: Мицкоски и Муцунски со сведнати глави пред Ахмети

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk