ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од нивниот кандидат за Министер за внатрешни работи за кого уште вчера беше објаснето дека е против одредбите на Уставот и законите за внатрешни работи и служба во АРМ.
Портпаролот Наум Стоилковски на денешната прес конференција, рече дека има доволно време за консултации денеска и деновите што следуваат, а ја повика власта да не го одложат изборот.
„Ја повикуваме власта да не го одложи и да не го успори кандидатот за министер, бидејки тоа нема да ги спаси од поразот на парламентарни избори, туку само ќе го предлабочи”, изјави Стоилковски.
А.Зеќири