Хрватското правосудство донесе пресуда за аферата „Ина-МОЛ“ со која на шест години затвор се осудува поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер, поради примање мито.
Освен за примање мито од 10 милиони евра, за на Унгарците да им го препушти управувачкото право во Ина, поранешниот премиер на Хрватска е обвинет и дека со Хернади, челникот на унгарски МОЛ, договорил издавање нерентабилен дел на гасното работење од Ина, наведува порталот Индекс.
Доколку пресудата стане правосилна, Санадер, по барање на обвинителството, на државата ќе мора да и врати 10 милиони евра.
Золт Хернади, челникот на МОЛ, обвинет е на две години затвор, но не е достапен на хрватското правосудство.