Додека Општинската организација на СДСМ – Прилеп ги прославува новогодишните празници со организирање хуманитарни акции за помош на социјално загрозени семејства, членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп на чело со нивниот координатор Петар Ристески, слават со пиштол, велат од СДСМ Прилеп.
Јавноста е згрозена од сликата која ги преплави социјалните мрежи и интернет порталите, на која првиот човек на прилепскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, гордо стои до своите сопартијци, од кои еден над неговата глава мафта со огнено оружје.
„Се’ уште се свежи сеќавањата на прилепчани на инцидентот кога истиот тој Петар Ристески, во центарот на градот физички се пресметуваше со негов колега стоматолог, случај кој е евидентиран во полициската станица во Прилеп. Заради сето ова, граѓаните на Прилеп со право се прашуваат, што следно може да очекуваат од Петар Ристески? Ова ли е обновата што Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивните локални шерифи им ја нудат на граѓаните – оружје, насилство и закани? Очекуваме Министерството за внатрешни работи веднаш да преземе соодветни мерки, да го истражи и расветли и овој случај. Почитувани,
За луѓе кои физички се пресметуваат со граѓани и кои се сликаат со огнено оружје, нема место во политиката. После сите овие скандали, Петар Ристески нема кредибилитет да ги претставува граѓаните во Советот на општина Прилеп, заради што треба веднаш да поднесе неотповиклива оставка.
Иста така, го повикуваме Христијан Мицкоски веднаш да го разреши Петар Ристески од функцијата претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Доколку тоа не го направи, само ќе го потврди она што секој ден станува се’ поочигледно – дека во партијата на унгарскиот бегалец и неговата марионета, ништо не е сменето, велат од СДСМ Прилеп“, велат од СДСМ.