Грчките пожарникари спасија 13 лица кои беа заглавени во автомобили во снежната бура во округот Витолија.
Тие по спасувањето беа префрлени во селото Скурта и се во добра состојба, соопшти противпожарната служба, пренесе АНА.
Во акцијата за спасување учествуваа четири пожарникари со две возила.
Обилните снежни врнежи предизвикаа проблеми во сообраќајот ширум Грција, а во некои села останаа без струја.
Затворен е и патот кој ја поврзува Атина со Ламија, а на возачите им се препорачува да користат синџири, пренесе грчкиот портал Катимерини.
Грчката национална метеоролошка служба соопшти дека снег паѓа и на северот од Грција и во пониските предели на истокот на Тесалија, централна Грција и на североистокот на Пелопонез.
Заради силните ветришта пристаништата Пиреус, Рафина и Лаврио се затворени, а на патниците им се советува да се информираат за траектните линии пред да заминат на пат.