Фотографија од мало мајмунче од видот белорак гибон направена во скопската зоолошка градина се најде помеѓу најпопуларните фотографии со животни за 2019 година направена од сајтот news18.
Во Зоолошката градина во февруари оваа година се роди мајмунче од видот белорак гибон, а веста за раѓањето на новиот станар на зоолошката беше соопштена на нејзината официјална фејсбук-страница. Како што кажаа оттаму, мајката на мајмунчето се вика Бетка, а бебето сѐ уште нема крзно. Веста брзо се прошири и беше вистинска атракција помеѓу граѓаните и посетителите.
Зоолошката градина во Скопје беше едно од најатрактивните и најпосетувани места во 2019 година.





