Дедо Мраз ќе ги израдува најмладите кои на пладне ќе се најдат на плоштадот „Македонија“.
– Како што изминуваат последните часови од старата година, расположението во Скопје го достигнува својот максимум, а новогодишната населба Винтерленд на плоштад е највеселото место особено за најмладите, велат од Град Скопје.
Како што информираат оттаму, во 11 часот почнува детската новогодишна програма на Винтерленд со хитовите од Златно славејче, а Дедо Мраз на плоштад ќе пристигне, напладне, во 12 часот.