ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува македонската година во знакот на Зајакот

ВМРО е Македонец кој од јајцата на Фаберже прави кајгана, а од Мона Лиза плакати за концертот на Сека Алексиќ. ВМРО е нафта во која се дават македонските птици. ВМРО е Македонец кој во јавна куќа дрка. ВМРО е новичок на чаршавот на кој водите љубов со Моника Белучи. ВМРО е суво говно кое не може да се клистира со никакви чепчиња туку само со длабоко поставени и јаки новогодишни петарди.

December 31, 2019 13:25
in ФРОНТ, ESPRESSO
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

ВМРО е љубовна несреќа во која на асфалтот остануваат седум осмини од мозокот на Македонецот.

Кај понеотпорните, како што се нетапацираниот Антонијо или синусоидната Лигња, како флека остануваат и повеќе од седум осмини.

Во медицинската литература е забележан и случајот на некој си Мицко кој успеал да загуби десет седмини, но, тоа се ретки таленти.

ВМРО е црешово топче кое, при секој истрел, цвета и раѓа мртви или зашеметени Македонци.

ВМРО е кутлача со која родителот секое утро црпе од сивата маса на своето дете пред да го прати на училиште кај што дупката ќе му ја пополнат со чудата на Исус и со чудата на науката која во безгрешен однос со Ѓуровска, успеала да ја роди малата саката тезичка дека „жените во помал обем ги извршуваат следните кривични дела: прељуба, недозволен абортус, уцени, кражби, кривоклетство“. 

Децата би можеле да помислат дека македонските жени се слаби односно дека не се во состојба да извршат кривични дела во поголем обем. Но, среќа, го имаме воншколскиот учебник на Тричковски во кој стои дека во поголем обем жените извршуваат кривични дела кога пишуваат и дистрибуираат учебници во кои вака убедливо парадира глупоста на Македонецот кој останал без седум осмини од мозокот во љубовниот судир со ВМРО.

Македонија е мис на Универзумот на која при врачување на круната на свеченоста во Дурбан и никнала опашка на која пишувало „Од вмро со љубов“. Жената, меѓутоа, не се збунила, туку го зела микрофонот и на прашањето на водителот рекла дека таа го разбира светот како поле за опашкарски натпревар меѓу жените.

ВМРО е Македонец кој во јавна куќа дрка.

ВМРО е лек со поминат рок на траење.

ВМРО е Македонец кој од јајцата на Фаберже прави кајгана, а од Мона Лиза плакати за концертот на Сека Алексиќ.

ВМРО е нафта во која се дават македонските птици

ВМРО е најбавниот сперматозоид од кој е направен Македонецот.

ВМРО е новичок на чаршавот на кој водите љубов со Моника Белучи.

ВМРО е суво говно кое не може да се клистира со никакви чепчиња, туку само со длабоко поставени и јаки новогодишни петарди.

ВМРО е експлозив околу половината на Македонецот со кој чипираните идиоти сакаат да ја урнат Македонија.

ВМРО е смог кој на Македонецот му се претставува како шекерна волна и овој ја лапа како дете од сиромашно семејство.

ВМРО е тефлон на кој ништо нормално не може да се залепи.

ВМРО е ортома со која Македонецот го положуваат во гробната дупка уште додека е мал.

ВМРО е омраза, примитивност, глупост и закржлавеност, што Македонецот ги добива како омега три киселини со мајчиното млеко, додека катарактатата ја добива малку подоцна, во претшколска возраст.

ВМРО е Скопје 2014, а Македонецот го носи Скопје 2014 како што Жозелин Вајлдстајн и Мики Рурк ги носат пластичните операции со кои се претворија во чудовишта, плус минусот од седум осмини мозок и култура од почетокот на овој текст.

ВМРО е вакцина што се прима со лопата.

Како ВМРО ја пее Бела чао!?

Црна се чума зададе.

ВМРО се евтини гаќи во кои Македонецот останува без гениталии.

ВМРО се викаат нозете на македонскиот фудбалер со кои овој дава само автоголови.

ВМРО е свиок на патот кон светлата иднина на која треба да излета македонскиот дурмо.

ВМРО е авион на кој на сите аеродроми му е забрането слетувањето од безбедносни причини.

ВМРО е крстот кој Исус го одбил во првиот круг на драфтот викајќи им на Римјаните дека повеќе би сакал да умре отколку да го распнат на гнилите греди од библиската земја.

ВМРО е стаклар кој им ги крши излозите на Македонците за да има што да им продава.

ВМРО ќе се лизне и ќе си ја скрши главата на сапунот да прави сапун од Шиптарите. Ако го видите Мицкота со чалма да чека Нова година, знајте дека тоа е од тоа.

Кога ќе дојде на власт ВМРО ќе ги потепа сите што сега се на власт. На тој начин, чипираните идиоти на Мицко сакаат да покажат дека сегашната власт, всушност, не си ја врши функцијата. 

ВМРО е жртва во аферата Рекет 132,  на снимката се слуша како Заев вели дека ќе ги пушти да ја земат власта во домашен притвор за една гарнитура „Натуци“ за него и „Панамера“ за Тричко.

ВМРО рекле: важи, ако наместо „Натуци“ Заев прифати некоја софа од Визбегово.

Арно ама Кикифрики ја заебал работата.

ВМРО е форма на групна терапија на идиотите кои на последната сеанса решиле дека следниот конгрес нема да го држат во Солун, туку во Будимпешта.

ВМРО е мевосекот на македонската проститутка.

И на Македонија како проститутка.

ВМРО е казан во кој македонската свиња прави чварки од самата себе.

И ги јаде.

П.С.

Вмро не е политичка партија. Вмро не е проекција на иднината. Вмро е проекција на смртта. Вмро е смртта. Бавна и болна, агонична, неповторлива, хахаха, смрт. 

Со оваа слатко четивце им ја честитам Новата година на сите што ќе успеат да не се најдат во него. Особено на оние кои од тоа ќе извлечат поуки за 12 април, кога, всушност, треба да почне македонската година во знакот на Зајакот.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Како и секогаш, ЦИВИЛ со ангажирана честитка за Нова Година

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk