ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Полковникот Птица не смее да помине

Вмровската матрица кога се работи за нивниот партиски интерес, нит држава признава, нит државните интереси би ги поколебале во нивните партиски калкулации и остварување на зацртаната цел. Мал милион пати нѐ убедиле во тоа.

December 31, 2019 15:37
in ESPRESSO, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Навистина мислите дека ова не им е промислено?

Онака, случајно им текнало дека токму тој полковникот анонимус е единствениот кадарник на вмровците да го води МВР за време на преодниот период кога главна задача на МВР е да се грижи за безбедноста и пред сè за регуларноста на изборите и тие да поминат без притисоци и инциденти на која и да е партија? И внимавајте, притоа советничката на Мицкоски, професорката експерт за право и несудена претседателка – Гордана Силјановска, вели не била консултирана за изборот на кандидат за министер? Професорката вели дека таков избор би бил неуставен, но дека и не би бил единствен преседан? Ма дајте ви се молам, кого замајуваат овие?

Случајните работи случајно не се случуваат па доаѓало тоа и од остатоците од едно организирано чудовиште како што се овие сега политички дребулии од злосторничкото здружение – Мицковото ДПМНЕ.

Вмровската матрица кога се работи за нивниот партиски интерес, нит држава признава, нит државните интереси би ги поколебале во нивните партиски калкулации и остварување на зацртаната цел. Мал милион пати нѐ убедиле во тоа.

Не знам колку пати се докажало до сега дека таа нивна „патриотска“ мантра е страшно опасна по стабилноста на државата, па затоа со сета нивна несериозност и колку ли гротескно и немоќно тоа нам ова ДПМНЕ ни изгледало, не смее да се потценат. Да се потсетиме само до каде сè се спремни да одат.

Само една дигресија за тоа што лично ми се случи во врмровско време и која е пример за суровата бескомпромисност, организираност и зошто ова со Полковникот Птица не е можно да им е случајно и непромислено.

Администраторот на официјалната страна на ВМРО ДПМНЕ, по лично негова пријава ми цензурираше клип на Јутјуб. Се работеше за сатиричен клип од студентските протести во 2015 година. Најстрашното не е што партијата тогаш на власт цензурира, туку тоа што од центарот на гебелсовата машинерија се толку темелни, што и на нас блогерите и активистите буквално ни ги студираа работите што ги пишувавме и правевме, и бараа начини како да ги декласираат по секоја цена. Во овој случај, тоа не им успеа, ами им се врати како бумеранг со стотици постирања на истиот клип од стотици активисти, но она што беше многу страшно е самата помисла каква машинерија стоеше зад тие нивни дејанија.

Во овој мој случај клипот е пријавен за полагање на авторско право над македонското знаме кое се појавува фантастични 3 секунди во клипот. Замислете само – таму имаше некој грев, или неколку гревови, што имаа задача да ги прегледува сите статуси од социјалните мрежи, сите фото монтажи, видеа, пародии што ги пишуваме и правиме на социјалните мрежи, на блоговите.

Можете ли да си замислите против каков монструм ние у ствари уште се бориме? Може ли од една ваква оставштина да излезе нешто случајно и непромислено?

Еднаш ја победивме таа партиска артилерија. Победивме без вреќи брашно и масло, без диригирани инспекции и хилти, без „вадење за уши циган, по циган“, без списоци и закани за бркање од работа, без гласачи од Пустец, без печатење на фалсификат лични карти, без отворање на „вреќи од оние како со патент“, без расипување на лифтови, без диригирана МТВ и потплатени други медиуми со стотици милиони евра, без…

Но, смееме ли да се опуштиме? Смеете ли вие од власта да им дадете каква и да е шанса да се повампират? Не е параноја ако потсетам дека оваа грујовистичка збирштина гледа шанса во сè. Овие давеници би се фатиле за секоја сламка за да се спасат. На крај, да не заборавиме, а како и би заборавиле, кога главниот гнев кон сегашнава власт е неможноста да се победат Сваровски судиите кои сè уште другиве ги држат во џеб.

Главното прашање сега е, што им е целта со ваков еден лакрдијашки предлог како што е Полковникот Птица за министер во преодната влада? Одговорот е очигледен и јасен – Одолговлекуваат, оти  се плашат од поразот што им следува. И покрај сите тие сламки и адути гледаат од партиските анкети дека ќе губат. Мицкоски знае дека е политички мртов и само ја одолговлекува политичката кома во која им се најдува партијата. Тој знае дека по поразот на изборите ќе мора да си ја собере сегашната врхушка заедно со партиските партали и да замине во политички неповрат.

Сега, кога се работи за многу повеќе од избори, кога влогот е многу поголем од партиско надмудрување, ова  СДСМ и Заев, не смее да си дозволи да влезе во една драмолетка, па било тоа и извонредната претстава „Полковникот Птица“, извадена од контекст, на извонредниот Христо Бојчев. Не смее Заев да дозволи кршење на Уставот за да задоволи хир на Мицкоски. Не смее да се подари време, ни најмала шанса, Мицкоски да го рехабилитира Груевизмот.

Едноставно, Полковникот Птица и неговата единица лудаци од санаториумот наречен „Бела палата“, овој пат не смеат да поминат.

 

ЦИВИЛ МЕДИА


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Њујоршка полиција: Тајмс сквер е најбезбедното место на Земјата за дочек на Нова година

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk